Партијата Солун Македонија со ново име а партијата ВМРО ќе има нов претседател

Day 2,088, 07:24 Published in North Macedonia Mexico by darko888



Најголемата партија Солун Македонија вчера во 22 часот и 23 минути го промени името во MAKEDONIJA PLATO PURE LOVE a денеска повторно го смени името и тоа во ТМОРО-ВЕП.Претседателот на партија вели дека тој го променил името а за менувањето иронично вели дека тоа го направил со цел да ја искаже својата љубов кон Плато и дека ваквиот чин нема никаква врска со банирањето од страна на Плато на влијателни државјани на Македонија.


Но генералниот секретар на партија AngryGrandma вели дека промената на името e направено во знак на протест против банерот Плато.Boko Komita(член на партијата со новото име ТМОРО-ВЕП)вели дека името MAKEDONIJA PLATO PURE LOVE беше ставено на шала и ако не се сменеше можно е да имаше сценарио со нови банирања.Оваа промена предизвика негативни коментари но не е нешто сериозно.
Освен промена на името на најголемата партија во Македонија,промена во раководството најверојатно ќе има во партијата ВМРО која 4 мандати по ред(вкупно 6 мандати од кога постои партијата)е водена од PejoskiWarMaster.

PejoskiWarMaster во пост на зидот на партијата ВМРО се обрати на членовите за повлекувањто од претседателската функција.А за А1 вели дека дошло време за нови лидери да ја водат партијата и сеуште не се знае кој ќе биде следниот претседател на партијата но напомена дека секој член на ВМРО може да се кандидира и да биде претседател на партијата.Исто така како и во постот на зидот на партијата и за А1 кажа дека останува во партија и ќе му помогне на сите кој му е потребна неговата помош или совет.Иако сеуште е нејасно за А1 зошто PejoskiWarMaster e сеуште во листата на кандидирани членови за партиските избори кои ќе се одржат на 15.08.2013.