ФК Вардар-Стеауа Букурешт

Day 2,065, 10:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Boko Komita




Познат и стартниот тим со кој ќе настапи Стеауа: Татарушану, Чукала, Танасе, Латовлевичи, Георгиевски, Кирикеш, Бурчеану, Пинтилии, Станчиу, Попа и Николиќ.
Резерви: Којочару, Гардош, Препелица, Тату, Пирвулеску, Пиовакари, Јанку



Официјално соопштен вардаровиот состав: Павловиќ, Рељиќ, Бојовиќ, Таневски, Цикарски, Темелков, Петровиќ, Хименез, Петров, Стојков и Костовски.
Резерви: Захов, Димитровски, Лазаревски, Маневски, Ацевски, Симјаноски и Ѓоргиев.

„Со оглед на тоа што немаме некои големи играчки промени јасно е дека ќе се потпреме на играчите кои беа со нас и изминатава сезона, со исклучок на голманот Павловиќ и десниот бек Рељиќ. Единствената дилема кај мене е дали во оној офанзивен дел од средниот ред да се настапи со младиот Ацевски кој е голема иднина на клубот, или Петров, но тоа останува да биде разрешено пред самиот натпревар. Жарко Симјаноски ќе биде квалитетно засилување за нас во новата сезона, но во овој момент не е максимално подготвен за целосен свој придонес против Стеауа.Вардар ќе ја игра својата игра по која беше препознатлив во есенскиот дел од минатата сезона и во финишот на шампионатот кога се стигна до титулата. Значи, нашата тактичка определба ќе биде офанзивна, ќе се види тоа и од составот со кој ќе истрчаме на националната арена во Букурешт“ – коментира Милевски.

„Не им е сеедно во нашиот стручен штаб како ќе биде вечерва на Националната арена. Знаат дека на вакви елиминациски дуели се може да се случи, а гол во гости за Вардар може да донесе одредена предност во реваншот, посебно доколку Стеауа не успее да постигне барем три гола. Од она што го кажа тренерот на Стеауа, најмногу се стравува од Аце Стојков за кого се знае дека е исклучително брз фудбалер и со своето искуство може да направи големи проблеми во нашата одбрана, но и од Костовски за кого се знае дека е цврст, робусен секогаш опасен во шеснаесетникот“ – ни изјави колегата од „Долче-спорт“.

А, токму, пак, за „Долче спорт“, Стојков оптимистички најави дека Вардар ќе игра отворено и борбено до крај со желба за поволен резултат пред реваншот.



„Дојдовме тука да се надигруваме а не да се браниме. Ќе направиме се да извлечеме поволен резултат. Јасно е дека Стеауа е голем фаворит, но само до почетокот на натпреварот, а потоа на теренот ништо не се знае“ – вели Стојков кого по левата страна го очекува директен дуел со соиграчот од националниот тим Даниел Георгиевски.

„Досега секако од репрезентацијата заедно сум играл со Даниел Георгиевски за кого знам дека е одличен фудбалер. Сега ќе играме еден против друг во директен дуел. Па, ќе видиме на крајот кој ќе излезе како победник“ – коментира Стојков пред денешната пресметка која стартува од 19:45 часот на националната арена во Букурешт.

ЛИНК ЗА СЛЕДЕЊЕ НАТПРЕВАРОТ