Ambient on/off

Sign up

 

Continue

Continue By creating an account you agree to the Terms of Service & Privacy Policy
Resend email   |  Can't find the email? confirmation@erepublik.com

Resend the confirmation email to this address

Resend email Can't find the email? confirmation@erepublik.com

[МНР на Македонија] Новости во еСветот

Day 2,062, 08:03 Published in Republic of Macedonia (FYROM) Republic of Macedonia (FYROM) by MNR Makedonija


Поздрав Македонијо,

Одиме по ред со извештајот:
Знаеме во каква состојба се наоѓа нашиот сојуз моментално, сепак се трудиме да пружиме поголем отпор и да застанеме на свои нозе. Предавањето никогаш не било а нема ниту сега да биде опција.



Прва точка : Промена на CoT.HQ

Сменето е раководството на нашата алијанса:

Врховен командант: Aliss Wonder
Врховен командант: PyroSG
Воен командант: Squibeel

Гувернер: chukcha
Односи со јавноста: kalkir, Coyolxauhqui V

Ова се луѓето што ке го водат сојузот овој месец. Се надеваме дека ќе бидат поактивни од претходните, а со самото тоа ќе почнеме да нижеме и подобри резултати.



Втора точка: ПТО во Белгија

Голем срам е наши играчи да се обидуваат да направат ПТО над Белгија, земја која е наш сојузник и е членка на CoT.
Нормално нема да седиме со скрстени раце и веднаш пративме АТО тим за да се спречи оваа глупост. Очекуваме полна подршка од ваша страна. Во ред е секој да ја игра играва како ја сфаќа, меѓутоа нема да е лошо за сите нас да бидете малку претпазливи со изборот :D за да не си ги расипуваме со сила веќе докажаните пријателства.



Трета и најинтересна точка деновиве: Проблемите во TWO

Не успеаа да издржат сплотени ниту половина лето. Се докажа дека сојуз кој што е заснован на штета е тотална погрешка од старт. Изгледа дека TWO има доста големи внатрешни проблеми кога секоја нов ден осознаваме по некоја нова интрига во стротивниот табор.
Скандалите започнаа кога поранешниот претседател на Србија Strider 83 започна да ја користи поговоркана на Макијавели "Целта ги оправдува сретствата." И така Strider реши дека е време да го преземе престолот во негови раце. :D Меѓутоа општо познато е дека не се согласија сите со неговата одлука. Прв негодување изрази словенечкиот претседател во овој артикл, а по него се јави и Претседателот на Полска. Тука можете да го прочитате неговото мислење околу случајов.

Вториот гооолем проблем на дотичниот сојуз е Шпанија, која како членка на TWO има МПП со сите земји од суб алијансата на CoT, наречена ROLA. Како последица на тоа Шпанија се соочи со жестоки реакции и критики, но оправдувањето на нивната влада пред сојузот е дека тие немаат влијание врз одлуките на шпанскиот конгрес. А шпанскиот конгрес вели дека Шпанците не сакаат да си уништат долгогодишното пријателство со Бразил, Чиле, Мексико, Парагвај и Перу.
Сепак јас стојам до мојата теза дека сржта на целиот проблем е во желбата на Србија да ја донесе Аргентина во сојузот, која пак како што знаеме е смртен непријател на Чиле и Шпанија.
Тука можете да прочитате за ставот на Полска за ситуацијата во која се наоѓа Шпанија, каде што Полска продолжува да му дава потполна подршка на својот сојузник.

Во наредниве статии можете да ги прочитате мислењата на играчи од различни држави членки на TWO.


España es un insulto a TWO / Spain is an insult to TWO

[ESP/ENG VERSION] Ridiculo TWO
Portugal's NAP [Polandball]
Siddy's manipulations [personal logs]




Четврта и исто така доста интересна точка: Нов Сојуз !

Сето ова се само шпекулации сега за сега. Официјална потврда или став немаме добиено од никого, очигледно работите се држат во тајност додека да се констатира дали има добра основа за нов почеток или сето тоа ќе остане само како нечија идеја.
Наша претпоставка е дека земја основач би била Хрватска, а би и се придружиле и останатите поранешни ЕДЕН членки кои после распадот на ЕДЕН останаа неутрални.
Знаеме дека имаат одржано еден состанок каде што ништо не успеале да се договорат. Дали тоа ќе се искорегира во иднина останува да видиме и да успееме да извлечеме максимална корист од целата ситуација.

Амбасадорите работат во полн ек, мофа тимот исто така...
Заборавивме да споменеме уште една многу битна информација. Македонија од овој месец е побогата со уште еден сојузник, Франција !!!
Ќе го дадеме сите заедно својот максимум да им покажеме дека не погрешивме што го обновивме ова пријателство.



Hail Macedonian French friendship \o/


Се читаме со нови информации наскоро.



Со Почит
Chucky001 и Aliss
 

Comments

rengenzy
rengenzy Day 2,062, 08:12

1

akconel
akconel Day 2,062, 12:16

o7

MNR Makedonija
MNR Makedonija Day 2,062, 16:42

За шаут:

[МНР на Македонија] Новости во еСветот
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2290310/1/20

Aliss Wonder
Aliss Wonder Day 2,062, 16:48

Interview with eTR MoFa http://tinyurl.com/ndndek6

F.11
F.11 Day 2,062, 16:50

Voted o7

anjunaboy
anjunaboy Day 2,062, 16:53

o7

TRTE T
TRTE T Day 2,062, 17:00

o7

Elynea
Elynea Day 2,062, 17:06

Good luck for the team and thanks for the message about ebelgium !

IvanVanchosBrother
IvanVanchosBrother Day 2,062, 17:10

Thanks God MPP with FRANCE ohhh Yeah

United Macedonians
United Macedonians Day 2,062, 17:11

o7

thedragon
thedragon Day 2,062, 17:16

o7

e Vladimir
e Vladimir Day 2,062, 17:18

Интересно... Незнам кои луѓе сте пратиле у АТО мисија овде у Белгија, ама за пофалба е трудот.

п.с. Малце наци грамар: словенскиот* = словенечкиот

п.п.с. Алисс честито командирско место во ЦоТ

вотадо!

MNR Makedonija
MNR Makedonija Day 2,062, 22:38

сменето В фала : )

MandiBT
MandiBT Day 2,062, 17:22

Разбирам македонско ама ебаното fotografija.com.mk нервира. Дај најдете некој друг хост за сликите, еден тон ги има

Uber kiko
Uber kiko Day 2,062, 17:38

Kako na primer prikachi ili imgur

Davorsk8
Davorsk8 Day 2,062, 19:24

хахаха овој манди вечен критичар на банерите од државните весници : DD

CobeMakedonski
CobeMakedonski Day 2,062, 17:48

o/

mane komita
mane komita Day 2,062, 18:15

o7

Aleksandr Makedonski Day 2,062, 19:36

Comment deleted

Car Samoil
Car Samoil Day 2,062, 20:27

Sta to lupetas. Jer ides u skoli, ili mozda predskolska vozrast si?

Gaeron
Gaeron Day 2,062, 22:10

lol dete odi nauchi srpski podobro )))

SKOPJE 5
SKOPJE 5 Day 2,063, 11:13

o7

Wizard of MKD
Wizard of MKD Day 2,063, 14:14

Real Internet Income
Real Way To Earn Money Online,
Earn using the Internet
tinyurl.com/ox6pyz6

viljus1
viljus1 Day 2,063, 15:39

o7

 
Post your comment

What is this?

You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.