ПРЕДВРЕМЕНИ ВОСТАНИА ВО МАКЕДОНИЈА

Day 2,058, 15:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Darko555

Предмалку во Источна Македонија се крена предвремено востание кое што не беше
подржано од државната армија,владата и претседателот на Македонија.Желбата за слободна и независна Македонија го гори трпението на македонските играчи коишто безусловно даваат 10 илјади МКД во време на тешката економска и воена криза на Македонија предизвикана од лошата стратегија и тактика "воздушен напад врз Пакистан" што се случи во време на мандатот на krste83.Освен 10 илјади МКД,македонските играчи губат многу пари за купување на храна и скапо оружје мислејќи дека со тој чин и помагаат на Македонија.Очекувано,досега резултатот помеѓу Ослободителната војска на Македонија и Грција е 1:21 за Грција.

Државната армија на Македонија и претседателот на Македонија со јасна и децидна порака:наместо да се троше пари и средства во востание коешто не е подржано од владата и каде што очигледно ќе губиме, да собираме пари за национално востание во кое ќе се искористат сите собирани средства и во кое ќе имаме големи шанси за победа.


Освен денешното востание,од ваков тип на востание се спрема и за 2 август наречено повторено Илинденско востание во кое Maкедонија ќе се ослободела и немало да трае 10 дена какошто било случај со Крушевската Република.
Иако пред 2 дена претседателот Аkconel во председателското обраќање изјави дека државјаните на Македонија ќе бидат навреме известени за датумот и времето на востанието,многу државјани освен што подржуваат востание за 1000 МКД па дури и го промовираат и одобруваат низ различен вид весници и постови со што загубата би била поголема.

(извадок од првото претседателското обраќање на akconel)