Како пак до моќна империја!?

Day 2,054, 16:12 Published in North Macedonia Romania by Lord Piksi

Статијава е наменета за сегашните и идни Претседател и Конгресмени на еМакедонија.
Се поставува прашањето како тоа еМакедонија светска велесила до пред година дена,денес да ја нема од картата на светот???Одговорот е едноставен-немање на државна стратегија за тоа како и во кој правец да се движи еМакеоднија.

Ако сакаме пак да бидеме моќна и неприкосновена светска сила ни се потребни неколку работи:
1.Враќање на освоени територии-никако.Или јас не ја разбирам играта или државното раководство нема поим од воена стратегија.Воената наука е многу јасна:Штом ќе заземеш територија,по никоја цена не ја даваш на непријателот туку се обидуваш со сите сили и средства да ја зачуваш.Колку пати се има случено да прочитам наредба од типот:"Не пукај за еМакедонија го враќаме регионот".Па чуму толку оружје и муниција потрошени за освојување на тој регион штом сега го враќаме.


2.Државното раководство треба да одбере држава која ќе биде окупирана и држена под робство засекогаш(на пр еГрција). Нели е попаметно да имаме 10-ина региони и нив да ги држиме 1,2 3 год,отколку да напаѓаме повеќе држави и со тоа да го изгубиме и тоа што го имаме?

3.Максимум 3 воени единици и се потребни на еМакедонија.Нели е подобро да имаме помалку единици а воено помоќни.Единици кои нема да трошат залудно храна и оружје...и конечно

4.Помагање на сојузниците ако и само ако еМкедонија е целосно поробена.
еМакедонија губи територија а кај мене DO пукај за Чиле.Па да ти ебам и наредба и Чиле,како да пукам за Чиле кога мојата држава ја окупира некоја гнаса држава???

П.С Статијава е крајно добронамерна,се надевам дека некогаш некому ќе му текне да ги преземе овие чекори.