РЕВОЛТ ВО РЕПУБЛИКАНСКАТА ПАРТИЈА

Day 2,051, 10:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Darko555

Сите членови на Републиканската партија беа сведоци на дрскиот однос на Zoran I Makedonski кон претседателот на партијата.A1 го обелоденува скандалот којшто се случува после конгрес изборите внатре во партијата со тоа што ги прикажува фотографиите на кои Zoran I Makedonski гневно го искажува својот револт кон претседателот на партијата но и кон избраните кандидати за јунските конгрес избори.










А1 се потруди да добие одговор за револтот којшто го искажуваше во неговите постови,но Zoran I Makedonski не сакаше да одговори ни на едно од прашањата кој А1 му ги постави со одговор дека тој не дава интервјуа.

Oткако А1 не доби одговор од Zoran I Makedonski,го испраша еден од коментаторите на постовите кој ги објавуваше Zoran I Makedonski,актуелниот претседателот на партијата и еден од кандидатите за претседател на партијата за следните партиски избори.
MKDpedza е еден од коментаторите којшто за А1 кажа дека во партијата додека тој бил член немало несогласувања и расправии,но револтот на Zoran I Makedonski произлегува од тоа што тој сака да биде следен претседател на партијата.

Претседателот на Републиканската Партија којшто е и воедно амбасадор на Чиле во Р.Македонија изјави дека во Републиканската Партија членовите се караат заради тоа што тој е претседател но исто така изјави дека ако тие побараат тој да ја напуште претседателската функција тој ќе го прифати тоа.За Zoran I Makedonski кажа дека тој ниту се познава со него ниту има пишувано со него па затоа неможе да коментира за него,и повторно повторува дека тој е претседател само затоа што од него тоа го имаат побарано членовите на партијата.

И за крај А1 интервјуираше еден од кандидатите за следните партиски избори којшто изјави дека во партијата нема несогласување,за Zoran I Makedonski не е известен и ако тој биде следниот претседател на партијата какошто вели само би ја подигнал на поголемо ниво.