ВЛАСТА ЈА ПРИФАТИ ОДГОВОРНОСТА ЗА СКАНДАЛОТ СО ВОЗДУШНИОТ НАПАД

Day 2,042, 09:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Darko555

Министерството за одбрана во својот весник "Armiski zbor" се обрати кон државјаните на еМакедонија за наредбата "воздушен напад" кој се случи по иницијатива на министерот за одбрана а беше предложен на конгресот од страна на претседателот krste83,и ја прифати одговорноста за неуспехот од воздушниот напад на Пакистан.

Министерот за одбрана со обраќањето призна дека грешката е направена бидејќи тој направил лоша проценка на самиот старт и какошто вели не претпоставувал дека во рок од 15 минути Пакистан ќе стане центар на еСветот.Исто така тој во истата статија напомена дека после првата битка се проценило дека воздушниот напад претставува скапа и неуспешна кампања иако неколку државјани на еМакедонија ја обвинуваат власта зошто кога толку пари и средства потрошивме на наредбата "воздушен напад" би требало барем да се обидеме да победиме а не да се откажиме и да се бориме во битка во која победувавме по дивизии со по 80%+.


Оваа слика претставува извадок од статијата "[MoD] Известување" на весникот "Armiski zbor" кој е во сопственост на Министерството за одбрана.

Oваа слика претставува извадок од статијата "Зошто направивме воздушен напад ?" на весникот "MakedonijaZasekogas" кој е во сопственост на Persej Makedonski.