РАБОТА НА БРОД

Day 1,969, 08:07 Published in North Macedonia Indonesia by CMPT HA HEBEPHA MOMA

ВАРДАР+ЕГЕЈ+ПИРИН=ЕДНА ЗЕМЈА, ЕДЕН НАРОД, ЕДНО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!!!

SEE THE WORL AND MAKE MONEY

Во оваа статија сакам да кажам нешто корисно за сите оние кои размислуваат да одат да работат на брод.
За финансиските детали; Се аплицира во некоја од нашиве агенции кои вршат услуги за посредување за работа на брод кои че ви наплатат околу 20.000ден за услугата (аплицирање, процесирање, обуки и сл.), за лекарско уверение кое е задолжително околу 6.500ден, американска виза (C1D) 130$ и појчето од бродските компании преферираат сами да си го плати те авио-билетот до местото каде шо че се качите на брод, така до Мајами 31.750ден или Барселона 7.500ден (А СЕТО ОВА АКО ПРЕДХОДНО ПОМИНЕТЕ НА ИНТЕРВЈУТО ЗА РАБОТА). Мој совет да аплицирате за позиции во ресторан на пример Ass.Waiter.
За заработувачката на брод сите кажуваат разни работи а јас че ви го кажам моето искуство од CELEBRITY CRUISES. На CELEBRITY CRUISES се зема плата по учинок 🙂, колку гости че услужиш за време на ВЕЧЕРАТА во ресторанот толку пари че земеш. Вечерата има два дела од 18.00 до 20.00 и од 20.30 до 22.30часот, си имаш свои маси кои ги служиш и со истите гости (секоја вечер од крузот се истите гости)се расправаш цел круз и како Ass.Waiter добиваш 2.1$ од гостин а за почеток че имаш околу 26 гости за вечера и тоа ти е 54$ на ден или 1620$ месецот па за шест месеци(толку трае договорот) 9720$ шо и не е мала сума на пари. А како шо че ја навикнеш работата можеш и да дојдеш до 2800$ за месец шо е одлична сума на пари.
А за поручек и ручек се работи по систем „Шветска маса“ гостите сами си замаат храна а вие само ги чистите валкание вагани и чаши кои ги оставаат после нив, па така че ви дојде 10-15сати да работите во ден. Нема слободен ден на брод, само че добиете во неделата три пати да не работите за ручек или поручек кои че ги искористите да прошетате малце и да видете бел свет 🙂 во зависност каде е бродот паркиран.
На бродот добиваш бесплатна храна и некои овошни сокови и филтер кафе во неограничени количини, за тие шо пушат има само АМЕРИКАНСКИ МАЛБОРО цигари кои чинат 1.17$ по кутија, а пивата, вината, чоколади, кока-колата, фанта и сл. сокови и интернетот се наплајчаат. Кабините во поновите бродови се за двајца а на кртијава на сликава горе се за четворица а има и за двајца 😃 значи како и да е че ја делите кабината со некого. Во бродот е забрането да се пуши цигари а може да се пуши во кабината ако на цимерот не му смета и во CREW BAR каде шо има забава со колегите и колешките🙂.
На брод че имате шанса да видете некои атрактивни места од земјава, јас лично ги видив овие: Чикаго, Сан Диего, Мајами, Ки Вест, Очо Риос Јамајка, Џорџ Таун Кајмански острови, Козумел Мексико, Мадеира, Барселона, Кан, Ливорно, Фиренца, Наполи, Рим, Гибралтал, Амстердам, Копенхаген, Хелсинки, Стоклом, Талин, Ленинград.... и да запознаете лујџе од сите страни на светот а и нови пријателства со некои македонци шо че ги стретнете таму. Кога че го изработите договорот компанијата че ви ја плати картата до дома т.е.до аеродром Александар Велики Скопје, а ако се откажете предвреме и посакате да си дојдете дома САМИ ЧЕ СИ ЈА ПЛАТИТЕ картата до дома.
Се надевам дека добивте некоја корисна информација које че ви користи докулку сакате да работите на брод, па затоа дајде VOTE+SUB 🙂
Сакам да го поздравам и мојот ментор Brigate Rossonero Born Brigate кој несебично ми помага и ми даде некои упатства за играва.
Позздрав и се најубо да ви биди.
P.S. Kako шо би рекол El Che G: МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И ОБЕДИНЕТА!!!




а да и ако имате срејча може че најдете ваква „НЕВЕРНА МОМА“ на бродот