Воздушен напад (МзО)

Day 1,952, 05:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


Здраво Македонијо,

Последниов период бевме сведоци на многу промени, а една од нив беше промената на цената на воздушниот напад. Претходно, за да се направи еден воздушен напад беа потребни повеќе пари, сега е потребно повеќе храна.

Нашиот голем пријател, Chivas Regal 31809 ни помогна многу донирајќи голема количина на пари и сакам повторно да изразам голема благодарност до него. Сега на нас е ред да ја собереме храната.

Го замолувам секој Македонец кој што може да придонесе, нека донира колку може на овој линк. Искрено се надевам дека оваа кампања ќе биде успешна и масовна и за брз период ќе успееме да ја собереме бараната количина на енергија за воздушниот напад, кој на моменти ни бил и те како потребен, а верувам дека допрва претстојат уште такви моменти.

Моменталната цифра на собрана енергија е 6.031.422 / 28.794.000, што значи ни требаат нешто повеќе од 22 милиони. Може да постојат промени во овие бројки, но тоа нема да биде некоја забележителна разлика. Планирани се повеќе акции, но за да успееме потребно е сите да учествуваме!





ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ!
Македонија вечна!