Трпе и таксистот

Day 1,942, 12:51 Published in North Macedonia North Macedonia by KO3AR

Излегува Трпе од аеродромот Александар велики и оди до единствениот таксист:
- Колку ќе ме чини превозот до Св.Николе?
- Три илјади денари.
- Но, јас имам само две илјади!
- Тогаш ништо.
Размислил Трпе, и му вели:
- Може ли да ме возиш за овие 2000 денари до каде што ќе изврти таксиметарот?
- Може.
И така тие тргнале. Се возеле и на само 3 километри од Велес таксистот му рекол:
- Твојата цел е до тука!
- Но, те молам погледни, истура дожд, а останаа уште неколку километри до Велес, барем таму остави ме?!
- Излегувај! - викнал такси возачот.
Трпе, видел не видел излегол и си продолжил пеш до Велес.
По една недела Трпе се враќа на такси станицата. Овој пат има осум до девет такси-возила, а оној од минатата недела е во последниот ред. Оди Трпе на првиот таксист и му вели:
- Еве ти 3000 денари да ме возиш до Св.Николе, и уште 3000 денари ако ми го испушиш по пат!
- Бегај педериште! - му се развикал таксистот.
Трпе оди до другиот:
- Давам 3000 денари да ме возиш до Св.Николе, и уште 3000 денари ако ми го испушиш по пат!
- Мајката твоја, татко ти да ти го пуши!
И така ги прашал сите додека не дошол до оној од минатата недела:
- Колку ќе ме чини превозот до Св.Николе?
- 3000 денари, исто како и минатата недела. што се правиш луд?
- Види, еве ти 3000 денари, а тука имаш уште 1000 ако возиш полека и да им се смееш и мавташ на своите колеги.