[МНР]Случувања во еСветот и иднината на еМакедонија

Day 1,941, 05:50 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани граѓани на еМакедонија,

како што сте свесни периодов имаме многу турбуленции на сите полиња, без разлика дали се воени, економски или политички.

Се започна со нападот на Полска на Русија. Бидејќи нападот (по наши сознанија) е самостоен, и не е санкциониран од повеќето членки на TWO, гледаме дека сите сојузи, вклучително и TWO се најдоа неспремни во однос на тоа што би можело да се случува како реакција на сите во однос на настаните.

Дури и гледаме дека и играчите на некои TWO земји пукаат и на двете страни од конфликтот.

Истовремено, се водат разговори за окончување на војната, па сите сме во исчекување сме на истите. Според последни сознанија Унгарија е договорена и нема да биде втор учесник во неа.



Во еМакедонија самата ситуација се манифестираше со троен НЕ и напади од 3 страни на еМакедонија на Балканот.

Со оглед дека во исчекување на ова или слични можности, го преселивме главниот град во Дубаи и создадовме база во Аџман како резервна варијанта, фокусот на Балканот е повеќе помош на сојузниците (Бугарија и Србија) отколку војни за ресурси и гол опстанок.

Како продолжение на тој план за преселба и поголема стабилност на еМакедонија (односно фамозните 20% незавршени како МОД минатиот месец) е додавањето на уште 2 ресурси на блискиот исток.

За таа цел е направен следниот договор:

Србија ги отстапува регионите во Саудиска Арабија: Eastern Province, Northern Borders, и Al Jawf на Македонија, како компензација за отстапувањето на Апулија пред неколку месеци.

Со овие нови ресурси Македонија ќе биде појака да се бори на Балканот и да им помага на Србија во сите важни битки и востанија.

Со ова не само што добиваме +2 потребни ресурс, туку истовремено ги зацврстуваме веќе добрите односи кои малку опаднаа во однос на посакуваното ниво последниоте месеци.


Потписници:

Претседател на Македонија
Aliss Wonder
Премиер на Македонија
Kevin09
Советник на Претседателот на Македонија
BucephalusIII

Претседател на Србија
SashaL

Целиот договор тука

За сите оние кои сметаат дека ова е само поради тековната ситуација и со тоа всушност се продаваме, морам да кажам дека ова е нешто договорено и со претходниот Претседател на еСрбија во време која ситуцијата беше комплетно поинаква, што укажува на трудот за разбирање и соработка и од двете страни.



Ве молам сите доследно да ги пратите инструкциите на МОД-от, за да се постигнат плановите и да помагаме на сојузниците со кои имаме МПП, особено на Бугарија и Србија, кои како што гледате последниве месеци се секогаш присутни во нашите битки.

Очекувајте многу промени и уште еднаш апелирам доследно да работие за доброто на сите следејќи ги МОД инструкциите.

Министер за надворешни работи,
CaB