Лек против Рчење

Day 1,937, 06:10 Published in North Macedonia North Macedonia by KO3AR

Отишла една група другари на лов. Резервирале двокреветни соби, арно ама никој не сакал да дели соба со Перо, затоа што многу рчел. Одлучиле, за да биде поштено, да се менуваат секоја вечер.
После првата вечер, првиот станува со огромни подочњаци.
- Што се случи?
- Перо толку рче, шо не можев око да склопам, цела вечер ја преседев буден во креветот.
Наредната вечер вториот е на ред. Утрото истата приказна, изгледал страшно блед, едвај се држел на нозете.
- Како беше? Изгледаш грозно!
- Неподносливо. Перо струже како пила. Цела вечер око не склопив.
Слично поминале и другите.
Дошло ред на Трпе. Утрото се појавува одморен, уреден, одлично расположен.
- Добро утро!
Другите не можеле да си поверуваат на очите.
- Како така?
- Значи се спремавме за спиење. Му пријдов на Перо одпозади, го погалив по газот нежно и го бакнав за добра ноќ.
После, цела вечер тој око не склопи, а јас се наспав како бебе.