Трпе студент

Day 1,929, 09:29 Published in North Macedonia North Macedonia by KO3AR

Професор на Универзитетот им кажува на студентите:
-Сега ќе ви поставам една задача, кој ми одговори точно ќе му пишам десетка и не мора да доаѓа повеќе на предавања. Задачата е:
Автобус со 37 патници вози со брзина 52 км / ч, покрај река што тече во спротивна насока со брзина од 6 км / ч. на тројца патници им е отворен прозорецот. Колку години имам јас?
Сите гледаат вџашени, а по неколку минути, се јавува студентот Трпе:
-Имате 44 години.
Професорот изненаден, студентите во делириум ракоплескаат.
Точно! Браво! Само, како го заклучивте тоа?
Трпе:
-Лесно. Во мојата зграда живее еден дечко за кој сите велат дека е полуидиот, а тој има 22 години.