Цветко, Трпе и вдовицата

Day 1,927, 10:37 Published in North Macedonia North Macedonia by KO3AR

Трпе и Цветко тргнале на пат. Се возеле неколку часа но одеднаш ги зафатило големо невреме. Се засолнале на еден голем имот и ја замолиле згодната госпоѓа која ги засолнила, да преноќат кај неа.
- Знам дека надвор е големо невреме, но неодамна останав вдовица, па луѓето би можеле сешто да зборуваат ако ви дозволам да преноќите кај мене дома - рекла вдовицата.
- Немојте да се грижите, рекол Трпе,
- Ние ќе преспиеме во шталата, а штом времето се поправи, ќе си одиме!
Жената се согласила и тие преспале во шталата. Утредента времето се поправило па Трпе и Цветко си го продолжиле патот.

Девет месеци подоцна, Трпе добил писмо од некој адвокат. Му требало некое време да разбере и сфати за што се работи. Тогаш, отишол тој кај Цветко, па го запрашал:
- Цветко, се сеќаваш ли ти на згодната вдовица кај која што преспавме кога не фати невреме?
- Да, се сеќавам одговорил Цветко.
- Не велам дека си, но да не отиде случајно среде ноќ да ја посетиш госпоѓата?
- Хммм...да рече Цветко, и ја наведна главата вцрвенувајќи се, бидејќи беше откриен.
- Цветко, а случајно да се престави со моето име наместо со твоето? го прашува Трпе?
Цветко пребледел. Да, така се преставив жал ми е другар, не знам зошто, едноставно така ми дојде. Но како дозна?
Добив писмо од нејзиниот адвокат, во кое ме известува дека неодамна починала и се ми оставила мене. Фала ти Цветко, баш си другар, рекол Трпе.