Обична случајност или нешто повеќе

Day 1,908, 11:31 Published in North Macedonia North Macedonia by KO3AR

1. Застрашувачкото предвидување на Едгар Алан По

Во 1938 година, Едгар Алан По го објавил романот "Доживувањата на Артур Гордон Пајм", својот единствен роман, а за кој тврдел дека е пишуван според вистински случувања. Иако тоа и не било точно, на крајот било докажано дека По воопшто не лажел. Но, она што било опишано во романот допрва требало да се случи.

Во приказната е претставена следната приказна: На брод, на среде отворено море, остануваат тројца луѓе и бунтовникот Ричард Паркер. Тие со денови, без храна и вода, лутаат по бродот кој полека тоне. Очајни и гладни, тие преку влечење на стапче одлучиле кој ќе биде убиен за да биде храна за останатите тројца, па "изборот" паднал на Ричард Паркер.

Речиси половина век откако По го објавил својот роман, на јахтата "Migonette" се случил речиси идентичен настан, на патот кон Австралија. Она што е уште позастрашувачко било тоа што на бродот престојувал и Ричард Паркер, кој бил убиен и изеден од страна на останатите членови на екипажот.


2. Морган Робертсон пишувал за Титаник, 14 години претходно

Стотина години пред Џејмс Камерун да освои Оскар за филмот Титаник, американскиот автор Морган Робертсон ја напишал книгата "Futility Or The Wreck Of The Titan", приказна за потопувањето на неуништливиот океански брод. Приказната за судбината на тој број и неговите патници неодоливо потсетува на судбината на Титаник.

Иако книгата била објавена во 1898 година, 14 години пред воопшто да заврши изградбата на Титаник, сличноста помеѓу двете приказни е толку голема што човек веројатно ќе си помисли дека компанијата "White Star Line" го изградила бродот Титаник токму онака како што Робертс го опишал во својот роман, евтино.

Во романот, Титан бил опишан како најголемиот брод и најголемото дело на човечката рака, како првокласен хотел и секако, како неуништлив брод. Покрај тоа, Покрај тоа, интересно е и тоа што и Титан и Титаник биле во британска сопственост, биле на еднаква оддалеченост и потонале по удар во санта мраз во северниот Атлантик, во април, токму некаде околу полноќ. Едноставно, навистина звучи језиво!

Уште една голема "случајност" е и тоа што Титаник удрил во санта мраз 400 милји од Њу Фаунд Ленд при брзина од 25 јазли, а Титан се потопил 400 километри од Њу Фаунд Ленд, при брзина од 22,5 јазли, при што и двата брода имале премногу мал број на чамци за спасување.




Извор: Toчка