Прва статија!!

Day 1,905, 04:15 Published in North Macedonia Brazil by MrMiner49err

Како за прва статија нека биде оваа вицотека...

Трпана го прашува синот:
- Сине, зошто во последно време не се дружиш со Стојан?
- Па мамо, дали ти би се дружела со некој кој пие, пуши и се дрогира?
- Секако дека нема!
- Епа ете, гледаш, не сака ни он!



Во светски рамки била направена анкета на која луѓето одговарале на исто прашање: „Какво е вашето мислење за недостигот на храна во другите делови од Светот ??“Анкетата завршила катастрофално.
- Во Африка не знаеле што е тоа храна.
- Во Западна Европа не знаеле што е тоа недостиг.
- Во Источна Европа не знаеле што е тоа сопствено мислење.
- Во Америка не знаеле што е тоа друг дел од Светот.



Се шета Груевски низ скопските улици и запира случаен минувач и го прашува:
- Пријателе, ако ги покачам цените на сите производи за 100%, како ќе преживееш?
А овој му одговара:
- Супер, ќе можам да си дозволам одмор во Шпанија.
- Ами ако ги покачам за 200%?
- Епа тогаш ќе можам да заминам на Бахамите!
- А ако ги покачам за 500%?
- Супер, тогаш ќе можам да живеам во Дубаи!!!
- Одлично – одговорил Груевски и го потапкал по рамото:
- А ти со што се занимаваш, што работиш? – го прашал.
- Еми имам погребална агенција....



Чак Норис прв пат во својот живот одбил предизвик поради страв од пораз, а тоа е да игра фудбал за македонската репрезантација

Што прави Чак Норис во лабораторија?
- Тепа Вируси.



Во Јужна Африканска Република некои пијан белец собрал на пешачки двајца црнци. Едниот бил тешко повреден а другиот летнал низ шофершајбната 10 метри.
Дошла полиција и првиот црнец го казнила за незаконско присутство на приватен имот, а вториот поради тоа што се одалечил од местото на злосторот.

Ова беа само дел од вицовите...

И ако може еден брз Vote и Sub.

Ви
Благодарам.