Крај на една ера

Day 1,859, 03:45 Published in North Macedonia France by Jimmy Abbots
Здраво еМакедонијо!

Вчера беше 21.12.2012, ден кој што сите знаеме требаше да биде крај на светот. Секако тоа беше само медиумска пропаганда, и ете за жал не се случи 🙂

Но иако 21 декември не беше крај на светот, тој беше крај на мојата ера на еРепублик. После две годишно играње на играта дојде време да се откажам и да ставам крај на едно долго искуство кое беше исполнето со измешани чувства.

Кој сум јас, и што постигнав за време на играњето на играта.

Како и поголемиот дел од македонските играчи, така и јас започнав да играм со големиот Биг Банг, односно на 20ти октомври 2010 година. Секој почеток е тежок, нормално, па така и јас не знаев кај терам една недела две на почетокот. Иако играв секој ден, сепак недостатокот на туторијали и слични работи си го правеше своето. Но ете, јас бев упорен и од единствениот успешен Бејби Бум, излегов и јас како редовен играч на оваа наша мала игричка 🙂

Првото нешто што го посакав беше влез во единица. Тогаш постоеја Лавови, и искрено не памтам дали имаше некоја друга единица баш во тој период. Веднаш аплицирав со мојата скромна сила, околу 70, и бев примен. Лав бев, некои 3-4 месеци во кои што стигнав да бидам дел од нивната организација, да имам пристап до функционирањето на единицата. Нормално не бев како Слајдер кој што во тоа време ни беше Бог на нас Лавчињата 😃

Околу февруари 2011 ме фати криза. Не сакав да бидам повеќе во лавови, пошто ми беше досадно, беше државна единица, имаше се шо треба, а то нормално не ми даваше предизвик. Така станав слободен воин, и останав како таков некои 2-3 месеци.

Кон јуни 2011 ме исконтактира којоти2, кој ме побара да бидам член на Панзер. На почеток одбив, главно заради фактот што панзер уште во тоа време беа познати по воинствениот дух, односно да се карат со остатокот од еРеп 😁
Сепак, по некое време се одлучив да влезам и морам да признам дека тоа е најдобрата работа што ја направив во играњето 🙂 Се запознав со многу добри дечки кои што скоро секогаш беа таму за сите нас, единствена екипа, добро дружење и секако многу тролање 😃 Тоа ми ја направи играта поинтересна 😁

Ете, ден денес сум Панзер, и гордо ќе ја напуштам играта како Панзер! 😃


Од стана на Медали, немам бог знае колку, но сите се сработени со голема мака и труд



Редовен работик уште од самиот почеток, со мали пропусти додека се броеа 30 последователни дена за HW.
Еднаш конгресмен. Се чесно поштено изиграно, ниеден закон настрана.
10 БХ, кои сум се изнамачил да ги фатам, главно поради фактот што не знам да штедам чоколада 😃
2CH Кои исто така сум ги фаќал со тактичка игра, а не со мавање 100М, од кои првиот ми е за Македонија против грција со некои 14-15М уште на времето, а вториот Негде за арабиите, без ниедно БХ, фатив ЦХ 🙂
1 РХ, за кој сум поддржал преку 20 востанија дури да погодам едно 🙂
Тренинг исто така секојдневен, во последниоте година и пол со сите можни бустери, скоро секогаш.
И мојот најмил медал, 1 СБ за кој верувајте го добив прв, со тоа што одев заедно со Patriot Chuni од еден на друг човек и ги молевме за да почнат да играат под наш реферал. Двата успеавме да го направиме тоа 🙂
И најценетиот медал денес, 15 True Patriot 🙂


За крај, денес ќе одберам битка во која ќе испукам се што имам во хангарот. Секако немам тенкови, пошто бев пред извесно време баниран, и сеуште сум -163К. За причините на банирањето можи да прочитате во претходните мои статии.
Затоа би замолил кој има нека донира неколку тенка, ќе ми требаат околу 30 претпоставувам за да испукам се што имам, а не е премногу 🙂


Ви благодам на тие што прочитавте, а најмногу благоадарам на сите со кои што сум се дружел, кои ми помагале, и на кои сум помагал во текот на овие 2 и кусур години!!!

Се гледаме на некоја совиранка, а дотогаш останете ми со многу здравје, многу чоколада и многу испрцани педери! 😃

Се најдобро,
Jimmy Abbots.


ЕДИТ:
Ова е резултат на моето празнење на магацинот.


Мора да се напомене дека за момент го свртив ѕидот ама .. то е никој не пука друг 🙂


За шаут:
Крај на една ера
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2180049/1/20