ЗА ЕУ ИЛИ ПРОТИВ

Day 1,849, 02:10 Published in North Macedonia North Macedonia by BranislavMKD

Нема Македонец кој искрено ја сака Македонија а да не посакува влез во европската унија.
Ама овака мислам дека веке не оди. Не сакам да го наметнам мојт став но многу сакав да го кажам.
Студирав надворешна трговија на Економски факултет во Скопје и кај проф. д-р. Ирена Кикеркова која многу ја ценам имавме дискусија усте во 2004 година за тоа дали треба да влеземе во ЕУ или не. Јас и тогаш бев против. Професорката на крајот пресече дека треба да влеземе во ЕУ. Нејзините аргументи до економски аспект се неспорни, но во праксата ни се случува ова со нашите ни мили соседи.
Да не се навредат нашите источни соседи одсекогаш ја гледале својата империалистична шанса во Македонија. Додека Грците и да сакаат неможат а да се извадат од геноцидот.
Но ајде да направиме анализа. Кои ни се опциите и кои ни се трошоците. Оти верувајте доколку сме доволно мажи да SWOT анализа и да ги согледаме трошоците од она што го правиме, неминовно сме победници.
Моето гледиште е дека:
1. Европската унија е убава замисла но почна да губи на убавина со промената на критериумите за прием од економски во политички ( случајот со Македонија само го потврдува тоа што одамна е почнато)
2. Сепаратизмот чука на голема врата не само во Европа туку и во светот. Никој не гарантира дека европската унија е вечна ( Според мене ништо не е вечно)
3. И во случај да подклекнеме под уцените на големите сили, никој не гарантира дека ке се подобри живеењето туку дека ке можеме да преговараме за влез во некој политички сојуз. Ние 21 година сме самостојни и какви ли не притисоци истрпивме па не сме се уште уништени.
Јас сметам дека треба да се направат реформи во економијата и политичниот живот за самите нас не затоа што некој однадвор ни го налага тоа. Кога ке бидеме значајни економски тогаш и ЕУ ке биде само формалност.
Преблемот е решлив во 2 чекори:
- Купувајте домашни производи за да ни се подобри економијата ( ова значи и фер трговија и работнички права и ... од страна на работодавците)
- Излез масовно на избори ( да победи политичката програма а не политичките калкулации). Со ова им помагаме и на политичките елити бидејки во овој систем се принудени да прават јавна превработеност на своето гласачко тело
Толку од мене за ова.