Старфул купува Џип (Колку сме назад од Европа)

Day 1,830, 06:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Starfool

Ех на што се може човек да налета....
Задвчера си шетав (ме пуштија по цигари), кога видов се продава теренец марка џип за 3200 еур... така по темница ми изгледаше асолен (добар) оддобра година, и решив да му се јавам на сопственикот. По две звонења се јави едно бате со зарипнат глас, по формалниот муабет се договоривме да се видиме вчера по 19 часот.
Батето, ме чекаше пред стара болницана еден паркинг, веднаш ми ја спушти цената на 3000,што кај мене ми падна доста чудно. Ми ја представи историјата на возилото, од каде му е и зошто го продава, имено, го имала негова тетка од Минхен, која починала скоро,ја возел нејзиниот син, една година и дошол тука, и му ја оставил на батето. Сега батето правело куќа и му требале пари. Почнав да се врткам одоколу, и решивме да ја повозам. Запали од прва,возев... возев...Музика до даске, од 6 овали... Потоа видов на километражот има само 78.000, типацо ми сугерира дека не е возена, во Германија не враќале километражи, јас му кажав дека таму се менува цел склоп. Тој се насмевна малку и ми вели дека не е возможно. Се паркирав под сијалица... е сега може да се разговара...
Прво забележав хоризонтални линии на каросеријата со различен степен на корозија...
Потоа предната хауба бегаше на лево со 5 мм, па ја кренав и забележав дека ладњакот е лепен... бандашите алуминиумски, штопзаден лев изместен,а десниот со кондензирана влага...Се поздравив со батето и му ветив дека денес ќе му кажам... Си бегав накај дома и си мислев...
Тетка му била ловџија (маслинесто зелен џип), била доста активна во тој спорт, (хоризонталните линии),возела брзо (лепен ладњак и изместене шасија), имала спортски карактер (алуминиумските бандаши), се разбирала во озвучење, (6 овали, радио пионир)... Ех баба ми одвај оди а тетка му била ловџија... колку сме назад од Европа