Сељачка (не селска) игранка.

Day 1,814, 10:22 Published in North Macedonia France by Jimmy Abbots

Поздрав еМакедонијо!

Прво имам едно прашање до вас, кое би сакал детално да го размислите: Зошто ја играте играва?
Доколку одговорот е за забава, тогаш статијава е наменета за вас.
Доколку пак од друга страна, одговорот ви е за да си лечите комплекси од РЛ и да се чукате вгради со виртуелна слава, тогаш топло ви препорачувам да не ја читате статијата воопшто!

Ја играм играва (a?) веќе две и кусур години, и цело време, уште од самиот почеток се случува нешто што јас сакам да го нарекувам синдром на широкоградно дупо-плескање. Што значи ова: Постои одредена група на луѓе, кои за жал (или за среќа) се непроменети од самиот почеток. Тоа се вонглавно мажи (!?) кои широкоградно се слават и величаат самите себеси и најблиските околу нив, за потоа така засилено да си го учукаат меѓусебно во задното дебело месо. Сите тие биле на некој начин дел од нечија претседателска ( 😛 ) гарнитура, па си го полнеле егото и си ги дуеле градите како Питу Гули (вечна Му слава) на Мечкин Камен, за потоа кога ќе паднат од таа гарнитура, навикнати на слава, и повлечени од поттикот за уште поголема слава, да почнат да забиваат тројки од зад кошот 😉

Ајде сега малце директно.

Моментот е што голем дел од играчите во играва, замислуваат дека се во вистински живот. И како тоа да е малку, истите тие играчи на несебичен и недостоинствен начин се обидуваат да ја пренесат таа политичка еуфорија која владее во вистинскиот свет, во овај наш мал замислен свет. Несебично и недостоинствено велам, заради фактот што не одбираат начин, место, време и средства за да те избрукаат пред светот. И што е најжално, тоа ќе го направат и по цена на загрозување на општото „државно“ добро, само доколку тоа им даде дополнителен поен во однос на „конкурентот“.
Сите сме биле сведоци како во официјални статии биле изнесувани државни работи во коментарите, кои за жал ги читаат нашите непријатели тука во играта, и градат малограѓанска слика за нас. И сето тоа само за да се придобие некој глас плус на наредните избори.

И сето ова е на наша штета! После не е ни чудно кога Србија ќе ја одбери Полска пред нас. Не е ни чудно кога Турција ќе го одбери ЕДЕН пред нас. НЕМА ДА БИДЕ ЧУДНО НИ АКО БУГАРИЈА ПАК НИ СВРТИ ГРБ, И ЈА ЗЕМЕ ИНДОНЕЗИЈА СО НИВ!!

Во ред, ова е игра, и мора да има турболенции, мора да има разноразни случувања кои би не натерале да продолжиме да ја играме. Но факт е дека ние во неколку наврати сме стигале до самото дно на играта, како земја не од 3тиот свет, туку како подол народ кој не знае да цени, и не знае да избере вистински начин кога се работи на зацврстување на овие наши меѓуграѓански корелации.

Деновиве сме сведоци на препукувањето помеѓу неколку гарнитури, така да ако некој мисли дека имаме достоинство и дека имаме меѓуграѓански односи кои се на завидно ниво, слободно нека отвори има повеќе статии во кои не се одбираат средства за да се оцрни последниот наш претседател.

И за жал, ова се случува постојано. Не бев поттикнат за статијата заради Sajrus, туку заради двете години на постојано препукување! Кој и да бил претседател, која и гарнитура да владеела, секогаш има опозиција која очите си ги вади за да стигни на власт.

Па да му се плукнам во фацата на тој шо не донесе на ова дереџе! Почнав да играм игра, која ми беше бегство од страшниот ни наш свет, за да бидам сведок на прераснување на една држава од несебичен сојузник и народ со големо срце, во држава за сопствен интерес, баш како и тој наш сосед кој толку многу е спомнуван во последниот период.

За крај сакам да ве замолам да размислите дали сакате да се докажете пред светот како лојален, ведар, ДОСТОИНСТВЕН народ, кој ќе владее со многу држави на мудар начин, или пак сакате да бидете она, за кое толку многу зборувате како не чини, како ги користи сојузниците, итн итн. Сите знаете за која држава мислам.

Бидете ми поздравени,
Jimmy Abbots.

Ако некој сака да шаутира:
Сељачка (не селска) игранка.
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2152933/1/20