Љубовта е само една

Day 1,796, 18:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Night.BloodseekeR


Кратка и едноставна легенда но исполнета со многу мудрост и длабока содржина. Оној чие срце почувствувало ќе разбере…

* Одејќи по својот пат, младото момче среќава прекрасна девојка и почнува да оди по неа во продолжение на километар, два. Накрај таа се свртела и прашала:

- Зошто ме следиш?

А тој возбудено објаснал:

- Зошто никогаш не сум видел нешто попрекрасно од тебе и ти ме магепса. Се вљубив во тебе уште првиот миг кога те здогледав…Биди моја! Ти си вистинската! Единствената!

Девојката само се насмевнала и одговорила:

- Така мислиш и зборуваш бидејќи сеуште не си ја видел мојата помала сестра. Треба само да се свртиш и ќе ја видиш неа, многу поубава и помлада од мене.

Убавото момче веднаш ја свртело главата очекувајќи да види совршена девојка но пред неговите очи се појавила сосема обична девојка, какви што имало многу по неговиот пат…

- Каква шега е ова? Зошто ме излажа? – Прашал тој.

- Ти исто така ме излажа! Штом јас сум вистинската, единствената и си вљубен, зошто се сврте? Што очекуваше да видиш?

- Љубовта е само една! Кога вистински љубиш не ти треба ништо друго! Кога љубиш имаш се што ти треба! Јас сум единствена но не за тебе…