Кандидатура за Претседател на МРДЉС [ЗМЕЈОТ]

Day 1,790, 06:16 Published in North Macedonia North Macedonia by thedragon


Поздрав еМакедонски народе, членови на МРДЉС и нивни симпатизери !!

Се кандидирав за претседател на оваа партија, чија идеологија ми одговара највише, и сметам дека сум спремен да воведам големи реформи во партијава, за да се врати во ерата на својата стара слава како во времето на Дон Тас !

Време е за РЕФОРМИ !!!

Админите ни дадоа можност за да може да се постават нови функции во партијата т.е. да се формира нешто како извршен одбор на партијата кои ќе ги донесуваат сите поглавни одлуки во партијата и сл.

Една од најдобрите реформи која што ја планирам е формирање на Комисии во партијата т.е. Комисија за Одбрана, Комисија за Образование, Комисија за Надворешни Работи.

Во Комисиите би членувале идни, сегашни, и минати членови во владите на еМакедонија со тоа што членството би се научило како се работи во влада без да биде во влада и би добиле на поголем број на искуствени играчи.

И секој кандидат за Претседател не би му било тешко за да си го оформи тимот барајќи искусни играчи, веднаш би зел некој од Комисиите.

Затоа утре гласајте за РЕФОРМИ !
Гласајте за подобара МРДЉС !
Гласајте за еМакедонија !
Гласајте за thedragon !

Со Почит :