Љубовта, Парите и Среќата

Day 1,786, 14:55 Published in North Macedonia North Macedonia by TashaMKD

Љубовта, Парите и Среќата

Како што одминува времето, се помалку ме исполнуваа ситните задоволства кои ги нуди животот и се појасно гледав каде треба да се бара изворот на вистинска радост и смисла.Научив дека да бидам сакан не значи ништо, а да сакам значи се. Дека способноста да чувствуваме е она што му дава вредност и убавина на нашето постоење. На земјава, каде и да се појави она нешто што се вика СРЕЌА,тоа нешто е исткаено од емоции.
Парите не се ништо, моќта не е ништо.Многумина имаат и едно и друго, а пак се несреќни. Убавината не е ништо, видов многу убави мажи и жени кои се несреќни иако се убави. Ни здравјето не е се, секој е здрав ако така се чувствува. Имало болни полни со страст за живот се до смртта и здрави луѓе кои венееле цел живот мачени од стравот од страдање.
Но СРЕЌАТА секогаш била таму каде некој знаел да сака и живеел за своите чувства, ако ги негувал, ако не ги газел и потиснувал,тие му носеле задоволство.Убавината не го радува оној кој ја поседува туку оној кој умее да ја сака и да и се радува…

Ве сака ТашаМКД