Погрешен е-маил

Day 1,786, 03:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Night.BloodseekeR

Еден брачен пар одлучиле оваа зима да ја поминат една недела во јужните региони.
Заради деловни причини мажот отпатувал еден ден порано пред својата сопруга.
Кога пристигнал, влегол во хотелската соба, го извадил својот лаптоп и одма и испратил маил
на својата жена. Меѓутоа во е-маил адресата изоставил една буква, и така е-маилот
пристигнал кај вдовицата која само што го погребала својот сопруг.
Таа во истиот момент ја прегледувала својата пошта за да прочита евентуално да не има
сочуство од нејзините пријатели и познаници.
Кога нејзиниот син влегол во собата ја видел мјкаму како онесвестена лежи на подот.
Тој погледнува на мониторот каде што пишува.
За: мојата останата сопруга.
Од: нејзиниот предвремено заминат сопруг.
Предмет: јас пристигнав.
Најмила, јас само што пристигнав. Јас веќе се снајдов и гледам дека е се спремно за твоето
утрешно доаѓање! Ти посакувам убав пат и те очекувам.

Со љубов од твојот маж!
P.S. Многу е жешко овде доле!!!