[МЗО] Реактивирање на фаланга !!! ЕДИТ

Day 1,785, 14:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana

Поминаа четири дена од изборите. Четири бурни дена, за нашиот тим и за целата војска на еМакедонија. Активирањето на фалангата, е една од целите на нашиот тим, кои се во план да се реализираат за овој мандат. Дојде денот, за мало организирање на нашата војска. Сите знаеме дека во времето кога фунционираше фалангата се добиваа многу тешки наши битки, дури и сојузнички, кои биле пресудни за добивање на целата кампања.

Моментално се наоѓаме во тежок период, притиснати од секакви проблеми како надворешни така и внатрешни; како непочитување на наредби, недоволен буџет за основни поделби, дури и долгови од претходниот мандат. Оваа организација би фунционирала на сличен начин како и предходниот период, со мали измени во лимитот на сила и добивање на рефундот за испуканото. Во следниот дел од статијата ќе биде објаснето како непречено ке фунционира фалангата .


Во фалангата ќе можат да членуваат сите граѓани на еМакедонија, без разлика од која единица се регрутирани. Ќе биде поделена на два дела, односно, ќе биде составена само од војници од трета и од четврта дивизија. Истите ќе бидат повикувани на канал преку приватна порака за удари, и ќе бидат опремени со фул храна и оружје. Предност за членство во фаланга има секако силата на удар со q7 тенк но, исто така ке биде земена во обзир и активноста на играчот во играта и на чет ( доколку е послаб ) . Играчите кои сакат да бидат дел од фалангата, треба да ги исполнуваат следните услови :

Играчите од четврта дивизија треба:
1. Да бидат членови во било кое МУ со локација во еМакедонија;
2. Да имаат удар посилен од 17 000 со q7 оружје ( можат да се пријават и оние играчи чиј удар е поголем од 16 000+ но овде ќе се гледа повеќе активноста ) ;
3. Да следат наредби и да го почитуваат својот командир;
4. Да го пополнат овој документ - http://tinyurl.com/9z7zgju

Играчите од трета дивизија треба:
1. Да бидат членови во било кој МУ со локација во еМакедонија ;
2. Да имаат удар посилен од 9 000 со q7 оружје ( можат да се пријават и оние играчи чиј удар е поголем од 8 000+ но овде ќе се гледа повеќе активноста ) ;
3. Да следат наредби и да го почитуваат својот командир;
4. Да го пополнат овој документ - http://tinyurl.com/9z7zgju

Се надеваме на успешна соработка, повеќе слога, и успеси на бојното поле во есветот.

Ви благодариме на поддршката,
од овомесечниот тим на еМакедонија.