Арамилок. (Повик за помош!)

Day 1,783, 01:17 Published in North Macedonia France by Jimmy Abbots
Здраво еРепублико!

Многу од вас ќе изреагираат погрешно на содржината на статијата, меѓутоа никој освен мене не ја знае точната вистина, така да ваше право е дали ќе ми верувате и ќе ме поддржите, или не.

Точка 1: Факти.

Пред 3 дена, без никакви оправдани причини бев баниран од страна на админите. Банот беше привремен, со оправдување дека сум креирал мулти акаунти. Ми беа одземени 175500 ЦЦ, или некаде околу 360 голд !!



Точка 2: Жалба.

Искрено, бев изненаден од ваквата глупост на админите. Прво и основно, ако сум мултал јас толку многу, за да ми се одземат 350 голд, требало директно перманентен бан да добијам, и никогаш повеќе да не ми текни да ја играм играта. Но не. На ден пред изборите (не сакам ништо да шпекулирам но и ова е факт) јас бев баниран на 3 дена заради креирање на, по моја калкулација 20тина мулти акаунти!! Сето ова го пишав во жалба до админите, и нормално бев одбиен и жалбата не ми беше уважена.

Точка 3: Молба за помош.

Поради целата оваа ново настаната ситуација, не сум во можност да функционирам на ерепублик. Немам моќ да ископам 350 голд од нигде никаде и да излезам од минусот, па самото тоа што не можам да го решам проблемот автоматски ме води до еден и единствен заклучок: Да се откажам од ова проклетсво од игра. Меѓутоа, не е тоа така лесно, па затоа би ве замолил сите вас кои сте во можност, да донирате колку што можете. Потребно ми е апсолутно се: Тенкови, Валута, голд.. Се што имате можност. Доколку не ми е потребно во моментот, ќе го продавам за да излегвам од минусот.

П.С. Забележав дека немам доволно место во сториџ, така да Ве молам, не ми праќајте храна. Можам да го обезбедам тоа. Подобро пуштете ЦЦ колку шо е вредноста на храната.

Исто така, би ве заомлил и за В+С+Ш на статијата, за да ми биди мисијата успешна и да немам потреба да се откажувам баш сега од истата. А можеби и ќе фатам ММ, па и 5те голд ќе ми бидат добредојдени.

Однапред Ви благодарам,
Диме, Jimmy Abbots.


За шаут:
Арамилок + Повик за помош!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2134087/1/20