Собиранка во ОХРИД ... Заинтересираност !?

Day 1,764, 05:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Psycho The Great
Статија бр. 13

Напишав по некој статус на ерепубликов да видам дали има заинтересираност за собиранка во Охрид, а и знам дека има барем најмалце 10 души што се од Охрид, а ја играат играва можеби се и повеќе па затоа ајде да видиме колку сме 🙂

Значи се мислев за кога да биде собиранкава. Да ја направам за 1-2 дена одма да биде нема смисла зошто не ни знам дали ќе прочитаат сите .... Затоа дали можеме да ја направиме за наредниот викенд... Мислам дека има доволно време да ја прочитаат сите до сабота - недела. Ако не можеме и наредниот викенд да го направиме собиров ... Да видиме како ќе се одвиваат работите.

Прво сакам да видам колку ќе се пријават и дали ќе имаме доволно присутни.
Можете да ми пишете ПМ за да знам јас колку ќе не има или можете и во коментар да оставите ама за сигурно 🙂

Се надевам дека и СПЕЦИЈАЛНИОТ ГОСТИН ќе може да присуствува на овој СОБИР 🙂
Ќе го оставам тоа за да ве изненадам тогаш 🙂

Се надевам исто така дека ќе има заинтересираност и од останатите градови ...