[МзО] НАП со Албанија

Day 1,760, 09:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana



Почитувани Македонци,

Со оглед на сегашната ситуација во која се наоѓа еМакедонија, како и распространетоста на нашата земја на поголем територијален простор, најмалку што ни треба овој период се беспотребни востанија кои би можеле да ни ги загрозат ресурсите, како и внимание од нашата најважна цел во моментов: освојување на ресурсот кој ни недостига, гумата.

Со цел да се избегне одвлекување на нашата штета, денес, на ден 1760, потпишан е NAP (Non Agression Pact) со нашите соседи еАлбанија.

Условите кои ги содржи овој договор се следните:
1. На Албанија и го препуштаме регионот Southeastern Albania без отпор од наша страна, ослободителната војна ќе започне на 17.09
2. Албанија не смее да се бори во Македонските востанија
3. Сојузот EDEN нема да одвлекува штета во Албанските востанија во Македонија, односно во востанијата во Albanian Coast и Tirana
4. Албанија не смее да ја постави Македонија за Природен Непријател, и обратно.

Договорот важи до 06.10.12, односно до крајот на овој претседателски мандат.

Со почит,
МзО тим