[ГЛАСОТ НА ТИГРИ]Регрутација за сите што сакаат тенкови, ракија и Македонија

Day 1,759, 07:57 Published in North Macedonia North Macedonia by Taso Legenda


Добар ден Македонијо !

Воената единица ТИГРИ како дел од Државна Армија започна со регрутација на нови членови.

Тоа што се обидуваме да го направиме веќе некое времe полека се остварува. Кога дојдов јас во ТИГРИ, единицата со прости зборови беше руинирана, имаше 4-5 членови активни на чат. Тогаш ни истекна да отвориме нова регрутација, се договоривме како ќе работиме и што ќе правиме. Целта ни беше скромна, да постигнеме 15 активни членови на удар. Регрутацијата започна, дојдоа неколку луѓе полека живна каналот. И после оваа регрутација беа поставени темелите на ТИГРИ. Луѓето што дојдоа, сите беа свесни дека виртуелните пари и виртуелното богатство не се воопшто битни, кој што имаше даваше на другиот, функциониравме како едно, затоа и стигнавме до тука. Собиранки, смешки, шали, сериозни муабети за нашава еРепублика, станавме еСемејство. Нашите амбиции не застанаа тука. Сакавме да најдеме уште наши истомиселници, на кои им се јебе за виртуелно богатсво, и се тука за дружење. Отворивме уште регрутации, дојдоа уште членови, мислевме дека важи старата, неможеш да имаш и квантитет и квалитет, испадна дека може. Единствена работа што се смени, се сметките во кафаните кои рапидно се покачија....

Вчера по предлог на Роберт и на општо задоволство прифатено од сите членови на единицата, решивме да распишеме нов КОНКУРС за сите оние кои сакаат да имаат и малку забава додека блејат пред browser игрицата наречена еРепублика - Новиот свет.

Како што беше објавено пред неколку дена, ќе се формира Државна армија, во која ќе членуваат сите воени единици кои сакаат. Во принцип за сега ништо не е сменето, само рефундот од државата нема да се дели во пари, туку во тенкови и ќе се воведат казни за оние кои нема да пукаат по наредби.

За бенефициите кои ќе ги имате со тоа што ќе бидете дел од ТИГРИ и дел од ДРЖАВНАТА АРМИЈА се:

1. Тенкови од државата на принципот колку си потрошил толку ќе добиеш
2. Тенкови од единицата на принципот - колку имаме толку даваме - ама никад помалце од 10
3. Работа во некоја од фирмите на единицата Q6/Q7 тенкари - секој вработен плаќа суровини потребни за производство на тенковите и добива Број на произведени тенкови минус 2. Двата тенка кои се кратат се користат за поделбите на оружје во ударните термини. Исто како да работите како менаџер во своја фабрика за оружје
4. Рефундот од точките 1, 2, 3 се тотално независни меѓусебно
5. Не е задолжително да работите во некоја од фирмите на единицата
6. ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е појавување на каналот за бош муабет, и во кафана на чашка ракија.

Сите заинтересирани можат да дојдат на чат, и да побараат дополнителни информации од присутните таму.
http://cbe004.chat.mibbit.com/?channel=%23emkd-tigri&server=irc.rizon.net

Или пишите ингаме порака на:
Командир:
tanusevci
Заменици командири:
TRTE T
Taso Bombata
Капетани:
Davorsk8
Smekerot
TashaMKD

НЕ ЗАСТАНУВАМЕ ТУКА - СЕ БОРИМЕ ЗА еМАКЕДОНИЈА - ФОТОШОП НЕ ПРИЗНАВАМЕ 🙂

Вие читајте, ја отидов да се спремам, утре правиме собиранка :>


Засекогаш Ваш и Македонски,
Ќато на ТИГРИ,
Тасо



Не заборавајте да удрите ШАУТ, сите да чујат 🙂

[ГЛАСОТ НА ТИГРИ]Регрутација за сите што сакаат тенкови, ракија и Македонија
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2119950/1/20