Добар гест.

Day 1,759, 06:08 Published in North Macedonia France by Jimmy Abbots
Здраво еРепублико !


Бидејќи ова ми е прва статија, најпрво би сакал да се претставам.

Се викам Димитар Егуменовски, и имам скромни 22 години. Иако сум по потекло од Битола, поголемиот дел од времето го поминувам во Скопје како студент на Економскиот Факултет.


Не дека на некој му беше гајле кој сум јас и шо сум, ама од чиста култура треба да знајш кој ти соли памет кога читаш нешто од него.


Back to business.

Играм веќе скоро 2 години, и не сум имал некоја посебна желба да ставам нога во новинарството на некоја виртуелна игра, но денеска бев позитивно испровоциран да го сторам тоа. Имено, како и секој играч од време на време тргнуваш на БХ, и нормално е во нашата ни мила еТатковина да се , народно кажано, прцаме за тоа кој ќе ги земи тие виртуелни помочани 5 голд.
Така и денес, спремен со ракета 1.5М и со неколку чоколадца реков ќе пробам да земам едно БХ. И нормално, тука се појави некој појак, во случајов Аминта. Ме испрца на испукани 4.2М инфлуенс. И сеа демек изреволтиран јас, му пишав порака, која што премина во мала конверзација, за која и ја напишав оваа статија:



Е ваквите работи ме радват народе. За мене постои само панзер, затоа што нормално нели, домашниот чоек најпоќе си го сакаш, но од време на време вака ме изненадва некој чоек шо никогаш претходно не би ни помислил дека ќе напрај такво нешто.

Е сега идиме до третиот дел од статијата.

Мене искрено не мие многу дојдено до некоја си виртуелна валута, и сабајле ко мавав едноставно сакав да бидам јас прв, така го гледам то БХ-то, не се проблем тие 5 голд. Па затоа истите тие 5 голд сакам да ги поделам на вас, послабите играчи.



Се додека има од тие 5 голд, на секој играч ПОД 5000 сила ќе му поделам по еден скромен поклон. Поради тоа што не знам дали ви треба оружје или храна, ќе ви поделам по 170 денари ( 5-6 Q7ки ). Се што треба да направите е да ги напишете V&S во коментар.

Однапред да ве известам дека парите ќе ги поделам нахнадно, не можам да седам нон стоп над компјутерот и да делам, така да ако не ги добиете одма немојте да се жалите, ќе ги добиете во текот на денот.

Исто така би ценел доколку видам и по некој шаут од статијата, но тоа е по ваша желба 🙂


Бидете ми поздравени !
Jimmy Abbots.


EDIT:

Толку од медот дечки, се потроши 🙂 Фала ви на сите шо досега шаутиравте и гласавте за статијата. Можам слбоодно да кажам дека се подели многу поќе од тие 5 голд шо беа планирани 😁


За шаут:
Добар гест.
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2119898/1/20