Легендите на Македонија

Day 1,735, 12:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Starfool

Оваа статија им ја посветувам на сите оние поради кои ја играм играта. Секогаш кога ќе посакам да се одкажам, нешто ме тера да се вратам. Веќе играта не ја играм поради патриотизам, туку поради овие играчи кои ги сметам за легенди. Некои ги сакаме, некои мразиме... но ова е само игра, реално не се знаеме, но размислете колку се почитуваме...

Ел Че. Морав да започнам со најновата легенда. Ова ти било докторче од Скопје, фала Богу не ми затребало. Зошто легенда? Типчето не ме познаваше кога почна да ме фали, подржува, во моето пишување на статии. Ги шаутираше се додека не фатив медал. Како председател се покажа сега го барате на Бис. Човеков е пред се фер, зрел и другар, и да не те знае ќе ти помогне... Самото име и самата личност , пред монитор е ЛЕГЕНДА, од највисок ранг.

Уништувач. Дечкото од МНА, го знам, тој е една од легендите затоа што успеа од единица од 5 члена да ја организира, зајакне и раководи единицата. Сега таа единица е една од најорганизираните, баш благодарение на ова бате.

Лазароса Првиот македонски тенк. Играчот во кој се крстевме...

Скимекс, Ексил Конг. Фајтери, Војници, Мистерија... поим немаме кои се... но тука се, дуо на смртта, за кои се слушаат разни муабети, Скимекс, бил американски акционер во многу фирми, меѓу кои и во ерепублик. Имал македонско потекло, го купил овој аватар (оргиналниот Скимекс е од Шведска), за да и помогне на Македонија. Ексил бил кавадарчанец, кој бил многу брз кога возел... Важи, ќе се тркаме... ова се само муабети, можеби да можеби не.. но се легенди

Ромпер. Секој Херој има противник. Ова е Хрватот кој ни зададе многу мака. Со батето долго си пишевме, ми кажа дека е инжинер за бродоградба. Има чудна смисла за хумор, а овој аватар му бил даден, потоа прифаќал понуди да се бори, од тука била неговата сила. Инаку многу пријателски настроен, мрази фејсбук и е антиглобалист.

Томи Баир. Детиште од Баир, не е од Битола. Доктор на науки за ромската заедница и проблемите од неа. Го вбројувам во легенди, затоа што тој беше прв и засега единствен кој статиите му беа во видео форма.. и да не беа нешто секоја негова статија, беше чекор нагоре во е новинарството. Легенда во новинарството.

Сми Агејн. Кипарски грд. Зошто баш ова дете? Оти е легенда на валканата игра и пропагандата во новинарството. Колку и да го мразиме, јасно е, Тој успеа да смисли нов вид е Војна! Војна на Пропагандите, и мора да се признае МУ УСПЕА.
Сега две поранешни легенди, заминати во историјата, но сепак се сеќаваме на нив.

Струмјанин. Се сеќавате ли на Посланија Струмјанина? Се сеќавате ли каков дипломат беше.. Новинар поголем од Томи, пропагатор поголем од Сми, дипломат поголем од Ел Че... Македонец до срж, Легенда во се... самото спомнување на неговото име повикуваше почит како кај нас така и во е светот

Санхил. Батето кое ја побрка играта со реалниот живот. Се сеќавам на него, по пцуењето по сите, анархистот кој не гласаше, камиказата, која работеше со 10 сила во фабриките... значи одамна.. чешит испади, кавги... Фала Богу го банираа одамна. Но исто така тој беше иницијатор на најголемите бејби бумови (веројатно секој бејби бум праеше по 2-30 мултиња).

Сите се легенди на свој начин, а вие сте легенди по својата посебност