Време е за конгресмен !

Day 1,734, 04:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Martin Josheski


Почитувани другари и другарки од прекрасната еМакедонија !

После подолг период апстиненција од трката за конгресмен, после трите неуспешни обиди да станам конгресмен и по банирањето од страна на Плато заради креирање мултиња (за кое сеуште неможам да си поверувам дека е вистина), решив повторно да се кандидирам за конгресмен. Основна цел за која јас повторно се кандидирам за конгресмен е продолжување на позитивната политика која ја спроведува државниот врв, како и продолжување на добрите односи со нашите сојузници. Знам дека повторно ќе ги има кандидатите митаџии и повторно ќе даваат пари за нивните гласови и дека некои сигурно ќе победат на таков начин, решен сум да го искорениме тоа од македонскиот менталитет, и да продолжиме само со идеологијата за слободна, независна и суверена еМакедонија.

За сите оние кои сакаат да гласаат за мене:

-Неможам да ви ветам награди и поклони (пари, оружје и храна) како останатите играчи;
-Ќе се залагам за подеднаква и рамноправна заложба и вклученост на сите браќа и сестри во еМакедонија;
-Подеднаква поделба на ресурсите на сите жители на еМакедонија;
-Искоренување на митотот и корупцијата од државната каса;
-Помагање на послабите играчи и Baby Squad, се со цел побрзо напредување во новиот свет;
-Нема да поднесувам закони на своја рака, како што некои од конгресмените прават и се глупираат, а воедно и останатите членови на конгресот ги поддржуваат;

Сите функции кои досега ги извршував и ги извршувам, како капетан на 11 полк на МТО и амбасадор на еМакедонија во еПарагвај и еБоливија, ги извршував совесно и во согласно со барањата и политиката на граѓаните на еМакедонија !

Заради продолжување на добрата политика и однос со соседите, ве повикувам на 25.08.2012 год. или на 1740 ден од новиот свет да гласате за мене

РЕГИОН ЛАЦИО
Revolutionary Party of MK
Кандидат Josheski Martin http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4343138

СЕ ЗА ПОДОБРА И ПРОСПЕРИТЕТНА еМАКЕДОНИЈА !