Благодарност - прво обраќање

Day 1,722, 05:18 Published in North Macedonia Chile by AlexSkopje

Ја користам приликата да им се заблагодарам на сите Македонци за дадената поддршка на Претседателските избори. Можам искрено да кажам дека ќе се обидам да ја оправдам довербата која ми е дадена.
Сакам да се заблагодарам на останатите кандидати за нивното учество на изборите и едновремено би го повикал кандидатот Smekerot да продолжи со посветената работа и анализа на ботот и да ги споделува корисните информации со останатиот дел од македонската јавност.

Првиот ден се искористи за примопредавање на функциите и пренесување на сите корисни информации. Мане Комита и неговиот тим безрезервно помогнаа на вчерашниот ден да не се осети некоја турбуленција или отсуство на организираност иако имавме истовремено отворени 4 битки.

За крај на овој текст, сакам да ги повикам сите Македонци со конструктивни забелешки и предлози да придонесеме сите заедно за понатамошен развој на Македонија.

Поздрав,
Алекс