Македонија пред се

Day 1,707, 08:58 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1

Незнам од каде да започнам со статијава, ниту пак знам дали има смисла да се напише, но сепак ќе започнам па ќе видиме дали ќе го притиснам копчето за да ja објавам.

еМакедонија - Колку тоа звучеше моќно на времето по првиот и вториот бејби бум. Бевме страв и трепет за противниците, бевме организирани, бевме несебични, бевме секогаш тука за неа. Сите противници се плашеа па дури и во тоа време моќната Грција која одбројуваше да помине 1 месец за да можат да ни стават закон за природен непријател.

еМакедонија - Колку тоа звучеше моќно и чудно за останатите земји каде што владееше повеќе партиски систем. Во Македонија имаше само една партија која беше тука за сите подеднакво. Тоа беше Македонијата во која ја сакав да бидам и бев горд на истата.

еМакедонија - Колку тоа звучеше моќно кога се фомираа таканаречените камикази кој несебично работеа и се камиказираа во Бугарските фирми, кој успеваа да им ја срушат економија. Беа секогаш тука за неа.

еМакедонија - Колку звучеше тоа моќно во 04:00 - 05:00 часот наутро кога имаше над 250 луѓе на армискиот канал со по некој ФФ останат за да удрат и кој несебично чекаа наредба од тогашниот МоД. Бевме организирани, бевме моќни, бевме сплотени, бевме Македонци.

еМакедонија - Колку тоа звучеше моќно кога за првпат се појавија DexterMKD и ZukoMK од кој во моментов нашиот најдобар сојузник Бугарија имаше страв и трепет. Колку само смеење паѓање кога се читаа Бугарските коментари во статиите.

еМакедонија - Колку тоа звучеше моќно кога ја завршиме операцијата ,, Жабји Батаци “ и ја избришавме Италија, се населивме и успеавме да оддолееме на нападите. Сите единици присуствуваа на генералштабот, сите се сложуваа, немаше препукувања и што е најважно имаше слога меѓу сите.

еМакедонија - Колку тоа звучеше моќно кога за првпат ја освоивме Егејска Македонија, колку бевме горди на нашиот виртуелен херој Scymex, за нашиот Кинг Конг кој беше секогаш тука да му помогне и пред се за момците кој до сабајле дремеа на ИРЦ каналите и правеа поделби, ја водеа армијата и ги пишуваа артиклите со приоритетите.

еМакедонија - Колку звучеше тоа моќно кога се простиравме на 3 контитенти, кога бевме МОЌНИ и кога бевме една од водечките сили во овој еСвет. Македонија е таква каква што ти ќе ја напраиш. Македонија е едно од најсветите работи што сите ние ги имаме.

Што се случи со оваа еМакедонија, каде спласна Македонизмот, каде спласнаа страстите кон оваа еМакедонија?

Од една од водечките сили по бројот на штета ( секогаш во топ 5 ) паднавме многу ниско.
Од една од водечките сили по бројот на организираноста на армијата паднавме на најниското ниво и ги молиме единиците за еден скапан рефунд од 1500 МКД за да пукаат за еМакедонија.

Можеби треба да почнe со фактот дека земјата веќе нема никакви институции. Армијата веќе одамна не личи на армија а на која во моментов не може да го смени текот на која и да е рунда. Министерствата за внатрешни и надворешни работи(единствените министерства кои работи до одреден степен во моментов) се сведени целосно до квалитетите на министерот и долго градената подршка на поединицот кој успеал некако да постигне контакти во играва. Ова не е ничив проблем, но тоа е реалноста.

Кога размислувам за себе се прашувам да си го поставам а истовремено и да си одговорам на прашањето: Зошто воопшто ја играм оваа игра? Причините поради која ја играв играта се едни: Да и помогнам на Македонија виртуелно и верувајте ми за ниту една моја постапка која сум ја направил, за ниту еден договор кој сум го постигнал не се каам. За себе нема да зборам бидејќи не сум човек кој е самобендисан и човек кој мисли дека секогаш за се е во право. Останувам во играта уште да и помагам на еМакедонија, на нашата татковина.

Втора работа поради која останувам во играва се моите пријатели. Некои ги знам лично, а некои за секогаш ќе останат мои виртуелни пријатели. Она што не поврзува сите е играта, без разлика колку и да е лоша.

Доволно беа изговори и продавање на туѓи демагогии. Сеуште има време Македонија да искочи на правиот, вистинскиот пат. Сите заедно треба да најдеме решение и да ја подобриме ситуацијата во еМакедонија, да помогнеме бидејќи еМакедонија тоа го заслужува.

Доволно беа навреди кон луѓето кој твореа и помагаа на државата. Со некои наши постапки успеавме да ги избркаме од државата, успеавме да ги одкажеме дури и од играва. Сеуште има време за еМакедонија да се врати на старите, победоносните патеки.

Македонија секогаш ќе биде на Македонците.

Но дали Македонците секогаш ќе бидат тука за Македонија?


Вие размислете дали вреди воопшто да се игра играва ако не се направи некој чекор кон подобрување на оваа виртуелна Македонија.

Не е важно што еМакедонија може да направи за тебе, туку што ти можеш да направиш за еМакедонија

Јас ќе бидам секогаш тука за еМакедонија. Дали и ти ќе бидеш тука за неа?

Македонија на Македонците,


Со голема почит,
DarkoDimovski1



За шаут:

Македонија пред се
http://tinyurl.com/bq5egeb