ПОПУЛАРНИ ТУРИСТИЧКИ ДЕСТИНАЦИИ

Day 1,698, 07:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Zhonga

Добар Ден Македнијо

Па еве како што ви најавив во предходната статија, еве уште една добра статија со многу убави слики, мислам дека ќе ви се допадне.
Ќе ви преставам 5 Туристички дестинации во Шшанија,Турција,Албанија,Хрватска и Египет, епа еве ја првата дестинација.

1.Лорет де Мар-Шпанија

Популарната туристичка дестинација Лорет де Мар, се наоѓа на медитеранскиот брег и од година во година привлекува сé повеќе туристи. Овој мал каталонски град, припаѓа на шпанската провинција Џирона и е оддалечен од Барселона само 70 километри. И поради неизмерната убавина и поради она што вистински го овозможува, Лорет де Мар е дестинација која туристите ја бираат за да се запознаат со културата, историјата и архитектурата на Барселона…



Се протега на површина од 48 километри квадратни, неговата историја се протега длабоко во минатото, а градот успеал да го сочува она по што е познат. Не само со плажи, ова место се одликува и со неверојатна архитектура и природи атракции. Исто така, важи за еден од подобрите спортски центри, бидејќи поседува атлетски терен, фудбалски стадион, павиљон за кошарка, ракомет, пинг понг, гимнастика, џудо…



Во Лорет де Мар, се наоѓа само една плажа, во центарот на градот. Покриена е со бела песок и е неверојатно опремена. Иако во околината има и други одлични плажи, оваа е најпосетувана. Ако сакате интимност, изолација, камена или песочна плажа или можеби трагате по нудистичка плажа…. Лорет де Мар ќе Ви го овозможи сето тоа…



Лорет де Мар е градот кој никогаш не спие… Многуте кафулиња, дискотеки, ноќни клубови, работат до рано наутро. Поради сето она што го овозможува, забавата овде не престанува. Она што е сигурно е дека освен што ќе си поминете убаво, ќе се вратите и со нови познанства, бидејќи доброто расположение овде не престанува, а насмевките од лицата, едноставно, не се симнуваат…
Доколку не сте биле во овој каталонски град, време е да го ставите на листата на места кои треба да ги посетите !!!





2.Макарска-Хрватска

Невозможно е да не Ве совладаат емоциите во местото во кое сé е толку совршено…

Станува збор за Макарска, административен, културен и просветен центар на Макарското приземје… Од 20 век, познато туристичко место, кое со својата посебна убавина, привлекува туристи од целиот свет.



Денес, Макарска е град со 15.000 жители, место во кое се наоѓаат сликовитите населби Велико Брдо, Пухаричи, Котишина и Макар, населбата од која што ова место го добило името. Причините поради кои Макарска се прослави во туризмот се повеќе. Освен со убавина, може да се пофали и со интересни природни и климатски карактеристики, многубројни туристички понуди и гостољубиви домаќини…



Она што особено ќе го привлече Вашето внимание е песочната и сончева плажа, долга околу 2 километри. Шеталишта, удобни хотели, угостителски објекти со гастрономски специјалитети,забава за сите возрасти. На брегот се наоѓа прекрасниот музеј и црквата Св.Филип. Во паркот Св. Петар, се наоѓа возобновената црква Св. Петар, од која што се овозможува прекрасен поглед.
Погледнете зошто Макарска стана дестинација кон која сите се упатуваат…







3.Саранда-Албанија

Саранда има преголем потенцијал за да стане новото монденско туристичко место, во кое ќе бидат сплотени сите епитети, за совршено место за одмор и рекреација…

Саранда, е главен град на истоимената област и една од најатрактивните туристички дестинации во Албанија. Ова живописно место се наоѓа „ во прегратките “ на морето и високите планини во позадина. Прочуена е по добриот ноќен живот, убавите песочни плажи и кристално чистото, тиркизно море. По должината на брегот се наоѓаат луксузни хотели и угостителски објекти.



Се наоѓа на Југ, на брегот на Јонското море и е одделена две наутички милји од грчкиот остров Крф, со кој е поврзана со траект. Името на градот потекнува од „ Саранди “ – име на старохристијански манастир, посветен на четириесетте свети маченици. Изградена е на рушевините на античкиот град Онхесмос.

Во последно време, Саранда доживува туристички иградежен бум. Забрзано се градат инфраструктурни објекти, особено патишта…

Според положбата, Саранда, потсетува на турската бајка – Кушадаси, а има и свој „ Ефес“, односно Бутринт, во кој италијанските археолози откриле градби од шестиот век пред новата ера. Во околината на градот се наоѓаат неколку туристички атракции: Acharavi , Finik, Butrinti, Pantokrator, Sidari, Barbati, Peroulades, Gjirokastra oko, Castle Lekures, Agios Georgios

Саранда е многу повеќе од обична авантура… Размислете за оваа прекрасна дестинација !!!







4.Анталија-Турција

Овој дел од турската ривиера со години е хит на нашиот, но и европски туристички пазар…

Анталија е сместена во истоимениот залив на Тиркизниот брег, над кој се издигнуваат планините Таурус покриени со борова шума. Поради богатото историско наследство и природните убавини, Анталија со право ја носи титулата – една од најпрестижните европски дестинации…



Градот го сочинуваат два дела: современиот, со широки булевари, трговски центри и можности за добар ноќен живот и стариот дел од градот – Калеиџи, подигнат околу старото пристаниште. Во овој дел има тесни улички, стари турски куќи, занаетчиски работилници, кои не се само пример за архитектурата туку и за начинот на живеење. Во близина на градот, на плажата Лара се наоѓаат хотелски комплекси, кои на туристите им овозможуваат уживање во морето, сонцето и природните убавини на најчистиот дел на Средоземјето…

Хотелската понуда на Лара е повеќе од разновидна. Во овој дел од Турција има луксузно сместување, хотели со пет ѕвездички. Хотелите се совршени и за млади парови и за друштвени и за семејни одмори…
Областа Анталија има околу 300 сончеви денови годишно, а во Лето температурите се премногу високи. Просечната температура изнесува 28 степени…

Анталија е волшебна… Неверојатна!!!









5.Шарм Ел Шеик-Египет

Комбинацијата на сонце, море и песок, луксузни хотели, фантастичен шопинг, весели забави на секој чекор и разновидни спортови на вода… Сето тоа зачинето со „ арапски ноти “ е сликата која Ве очекува на првото запознавање со Шарм Ел Шеик.

Ова место е идеално за страствените нуркачи, вљубениците во голф и семејствата кои посакуваат безгрижен одмор. Кристално чистото море, односно подводниот свет со шарени рипчиња и корални гребени, ова место го прават единствено.



Посетата на природните убавини, како: поморскиот парк Ras Mohamed, кои ќе ве воодушеват со чистата и недопрена природа, џип – сафарито кое ќе Ве прошета низ бедуинските населби во пустините, прошетките со величествените камили… Сето тоа е само мал дел кој задолжително мора да го остварите доколку се одлучите за ова неверојатно место..

Доколку се одлучите малку подобро да ја запознаете културата и историјата на Египет, задолжително посетете го манастирот Св. Катерина и главниот град на Египет – Каиро, динамичната метропола и градот на величествени пирамиди.









Па мислам дека е убава статијава и вреди да се погледа и да се разгледа. Дадов 5 дестинации оваа е првиот ДЕЛ ако посакате ќе има и втор ДЕЛ со уште 5 дестинации.

Ќе ве замолам само ако може ВОТЕ ништо друго не барам

И не може без оваа на плажа ОХХХХ!!!





http://www.erepublik.com/en/article/-1-2081333/1/20
ВОТЕ ВОТЕ ВОТЕ да ја видат сите УБАВИНАТА!!