[Министерство за Здравство] Промени

Day 1,694, 05:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Zdravstvo


Добар ден Македонијо,
Пишувам статија да ве известам за промените во Министерството за Здравство, кои ќе бидат валидни од денес, а тие се:

1. Секој што има под 3000 сила (strength) има право да го пополни формуларот
Поради тоа што стратегијата на играчите е примарно надоградување на центрите за вежбање, досегашната граница од 2500 сила се достигнува релативно брзо. За новите и постоечките играчи да имаат повеќе корист и воедно да се задржат на играта границата се качува за 500 сила.

2. Бонусот се зголемува од 500 на 550 здравје.

Од причина што за исполнување на дневните должности, работењето во фабрики и вежбањето е потребно повеќе здравје, бонусот минимално но не и непотребно се зголемува на 550 здравје дневно. Беше разгледан и предлог да се зголеми до 600 здравје ама според пресметките тоа не е потребно во овој период.

Овие промени ќе донесат 10-13% зголемување на средствата потребни за буџетот на министерството, односно во најлош случај 20% што е веќе предвидено и одобрено.



Сите играчи кои имаат право можат да го пополнат формуларот кој може да се најде на каналот на министерството #emkd.Zdravstvo на Rizon. Понатаму ве замолуваме да не го пополнувате истиот повеќе еднаш дневно, освен ако нема грешка во информациите и формуларот да го пополните до 22:30 часот бидејќи има можност да не добиете храна се до следниот ден.



Со почит, тим на Министерството за Здравство:

Министер: Pleurotus8

Заменик министер: Diablo33

Помошници: Vas Vass, Oliver Cvetanovski, TomiDam