еПсихијатрија

Day 1,693, 05:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Djani Jr.

Гледајќи ја моменталнава ситуација во која се наоѓа еМакедонија човек не треба да биде ниту паметен ниту стручен за да разбере некои работи. Однесуването на некои луѓе ме натера да предложам до владата на еМакедонија да се отвори една посебна установа наречена еПсихијатрија.

Во неа треба да бидат сместени пациенти кои ќе бидат поделени во неколку категории односно одделенија.

Прво-обичните зависници од еРепублик (во кои спаѓам и јас), кои сеуште се со лесни симтоми на еПсихичко растројство кои играат од навика и од досада

Второ-Квазипатриотите кои се палат и на најмала провокоција од разни тролови и идиоти (со добар и навремен третман мислам дека има надеж да бидат излечени)

Трето-Ловците на вииртуелно богатство (иако на прв поглед изгледа безнадежно дека воопшто е можно да се излечат сепак јас верувам дека е можно).

Се надевам дека оваа идеја ќе се реализира во најскоро време пред да биди предоцна и дека многумина ќе се препознаат и ќе побараат еСтручна помош.