Лична исповед + Воена состојба во Европа - анализа

Day 1,686, 06:29 Published in Greece North Macedonia by MakedonecMKD











Значи после дооооооооолго постење, се решив да направам една подетална анализа за териториите на Европа. Мислам дека овие денови играва станува поинтересна бидејки единството стапува на сила со тоа што во прашање е нашата мила еМакедонија.

Долго време бев дво-клик и истовремено тролер, добивав и закани, пцости за тоа зошто имам гр*ко државјанство, зошто сум мавал за јужните итн. Еве како гледам јас на овие обвинувања - кога немаш пари и голд просто невозможно е во битки за еМакедонија да земеш БХ. Тоа е докажано. Доста време бев шворц и барав решение и излез од оваа ситуација. 4 месеци воопшто немам ниту купено голд, ниту тренирано. Паралелно со тоа ми се виде интересна понудата од србинот кој беше и конгресмен кај јужните кој продаваше државјанство. Го купив, но истотака за да направиме поголема провокација и купив Воена единица - ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА - ФАЛАНГА. Првото име на оваа Воена единица беше PHALANX, со гр*ки аватар, и со неколку нивни играчи во единицата. Кога го променив, како прв приоритет на мојата единица беше МАКЕДОНИЈА.



Значи тоа дека сум предавник ви паѓа во вода. Единствено зошто имав удрено 9 милиони за нив беше тоа што со мала штета можеше да се земе БХ а и со тоа лесно се зема голд. Плус има сеуште едно 20-30 од нив што ми поверуваа дека сум нивен човек, но решив веќе да не се кријам. Гледам Македонци сега како насекаде прават ПТО, гледам песимистички шаути, статии, и јас бев еден од тие, и сеуште сум, си признавам. Владее хаос каде што плукаат насекаде, а кога ќе ни дојде јајцето на газот - тогаш за чудо сме ОБЕДИНЕТИ.

Оваа атмосфера ме потсетува на таа кога порано ја владеевме Италија, Јужниот Сосед, Арапскиот полуостров, Кипар итн... Мислам дека ми е време да се вратам бидејки мајка Македонија очајно бара помош. Не пишувам мотивациона статија, ова е реалистична статија во која треба сите ние да се освестиме и да помогнеме најмногу што можеме.



Сега мислам дека треба да го зададеме ударот кон непријателот. Гледаме дека во некои моменти како и нашиот сојуз ОНЕ дека не ни помага многу многу... Значи треба да се воздржиме од обвинувања, и да почнеме да го користиме методот - прави како што ти прават. Доколку некој ти помогнал, помогни му и ти. Цени го тоа што некој друг го прави за тебе.

Сешуте немам аплицирано за државјанство, тоа ќе го направам после објавувањето на статијава, и повторно ќе се вклучам во сите аспекти на еМакедонија... Доколку мислите дека сум предавник, и дека досега ништо добро немам направено за мојата татковина - добро, ќе ве разберам. Но доколку мислите дека јас како единка можам да направам промена, како и сите други кои што се во туѓина, да им испратиме силна порака дека еМАКЕДОНИЈА ве бара НАЗАД!!!



Да ја вратиме еМакедонија на старите патеки. Можеби се откажаа многу играчи, но сепак со добра стратегија ќе го вратиме стариот сјај. ГО ЗНАМ ТОА!










А сега, подолу ќе ви ја прикажам кусата анализа за воените случувања во Европа:



Македонија - Јужен сосед

После долго време под Македонска окупација, јужниве конечно се ослободија и дури на момент успеаја комплетно да не окупираат, со 3 оригинални региони. Но по 1 неуспешно востание во Повардарие, следното беше успешно. Причина - залихите од голдот кој беше со 30% попуст престанаа. Тие се јаки само кога имаат вишок голд. Ние имаме посилни играчи во скоро сите дивизии и тоа се покажа пресудно. Истотака имаше предлог од 2 конгреса, и од Македонија и од кај јужниот сосед повторно да сме во војна, но и тоа сега е неуспешно. За момент сите воздивнаа. Во шаут на еден пријател прочитав дека се крои план за 7/10 ресурси, но дека тоа е сеуште државна тајна и дека кога е време ќе се објави.

Бугарија - Турција

Состојбата помеѓу овие 2 држави е иста како и нашата - после долга окупација од Бугарија над турските територии, тие конечно ослободија голем дел од оригиналните региони. Во моментов се води жестока битка во Black See Coast of Turkey, каде што Бугарија води со 24-20.







Србија и Словенија - Хрватска и Италија

Состојбата помеѓу овие земји е многу извесна. Хрватите избегаа од своите оригинални региони и ја окупираа Швајцарија и поголем дел од Аврстрија.Словенија пак има пак 3 региони од Франција и дури 8 региони од Италија. Вчера имам прочитано предлог план од страна на популарен хрватски стратег дека заедно со Италија ќе ги нападнат колониите на Словенија. Италија во тој случај би ги земала француските региони, а пак Хрватска би ги добила тие италијански региони окупирани од Словенија. Србија пак во овој регион покажува тотална доминација со тоа што има окупирано 3/4 од Босна и Херцеговина, цела Хрватска, 80% од територијата на Италија. Бидејки се велесила, тие секаде можат да ја распоредат штетата, т.е. и да се борат во своите битки, а и истовремено да помагаат на сојузниците.

Унгарија - Романија

Во оваа битка доминира ЕДЕН земјата Романија. Тие имаат окупирано 3 региони од Унгарија. Во овие 2 штотуку започнати битки - Southern Great Plain и во востанието за Central Transdanubia.







Поход на Полска

На почетокот само сакам да кажам дека не би сакал да предизвикувам тензии дека тие својата огромна штета не ја пренасочуваат кон своите сојузници, но сепак се гледа од далеку дека нивниот приоритет се ресурсите, за разлика од еМакедонија, каде што наш приоритет дури и во кризни моменти. Сепак покажуваат комплетна доминација над Западна Европа... друго не би искоментирал.







Шпанија - С.А.Д. и Португалија

Шпанија конечно се ослободува од стегите на С.А.Д. и Португалија. Да потсетиме, Шпанија беше окупирана во голем дел од овие земји и конечно, со интервенција од ОНЕ таа конечно ја врака првобитната форма.







Северна Европа

Како што можете да видите, Русија маршира кон нордиските земји, и успева во тоа, главниот град на Германија е префрлен на територијата на Данска, Финска полека завзема територија на сојузот АБЦ - Естонија. Истотака Литванија има завземено делови од Белорусија, која е сеуште слаба и кревка земја.








Тоа е се... статијава ја пишував повеќе од 1 час, но мислам дека вредеше. Сметам дека на еМакедонија и треба помош, и би и препорачал на сите кои се во други држави да се вратат.

ВО БОРБА!!!