Збогум браќа

Day 1,683, 09:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Pecko Karpata

Добар ден браќа и сестри!!!
Да не должам многу што како, на кратко ќе кажам.Ова е моја воедно и последна статија воопште што ќе ја напишам, не сум некој тежок пишувач, али еве чат пат пишев нешо, али како што кажав, ова е моја последна статија.
Причината за тоа што се враќав постојано е мојот брат, кој всушност и ме беше заразил со оваа игра, али веќе играва нема смисол, не ме возбудува како порано, го нема она што порано беше економија, каде на пазарот на труд пак и на маркетот кога се натпреварувавме кој ќе качи цена, кој ќе симни, па летаат пораки, од типот: abe ko*иле симни цена не се прај паметен.........итн да не набројувам. Го нема она што го имаше на ММ каде што ја ќе ги наречам брокери, каде тргуваавме, печалевме, па и одевме во дупки по некогаш.
Исто така, го немам веќе она чувство и желба да се борам и да дремам до никое време, за да мавам по јужните итн. А зошто ја снемав желбата? Прашајте го газдата на играва, а кој знае не мора да го прашува.
Сакам да ве поздравам и да ви посакам понатамошен успех не само овде, туку и надвор од играва, ви посакувам среќа, љубов и најважно од се ЗДРАВЈЕ. Знам исто така дека ова веќе го кажувам по трет пат, али ова е веќе конечна одлука. Веќе не сум се уклучил 4-5 дена, али ме гризеше совеста и се чувствував должен да напипишам за последен пат и да се опростам од сите вас. Кој ме запозна овде на играва, никому лошо не правев, не крадев, туку напротив помагав, али имаше и исклучоци кога некому кога помагав подолго време, правеа и мултиња и од тие мултиња тражеа уште и уште, али сепак на крајот беа санкционирани од админиве на играва.
Така, браќа тоа е во кратка црта она што сакав да си го кажам и да не ме гризе совеста дека ви останав должен. На играва не сум бил некој истакнат човек кој го знаеле сите.
Името Pecko Karpata оди во историјата на играва.
За крај, ви го откривам главниот лик кој се крие зад Pecko Karpata, а тоа сум јас 😃 Петар Панајотов. Некој ме познаваат, некој не.
Ако некогаш имате некаква потреба во Штип, и ако можам некако да ви помогнам, или ако ве води пат низ Штип и ако ви се пие пиво, може да ме најдете на ФБ и да ме исконтактирате и ако сум во можност и ако можам, ќе ви помогнам.
Идам да пукнам за последен пат овде и се гасам за пола час.
Поздрав Македонијо
Поздрав Браќа
Поздрав Сестри
Ве Сакам СИТЕ