Кој со кого и кога?

Day 1,674, 15:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Chocolate city

Добар ден Македонски народе!

Ја пишувам мојата статија со која сакам да ве информирам за Европското Првенство (ЕП 2012) кое се одржува во Полска и Украина.

Распоредот на завршницата од ЕУРО 2012



По завршувањето на натпреварите од групната фаза од Европското фудбалско првенство во Полска и Украина, познати се и двојките во четврфиналето, како и идните потенцијални двојки во самата завршница од шампионатот.

Денес е првиот ден без натпревар на првенството, но од утре почнуваат мечевите кои со нетрпение ги очекува фудбалскиот свет. Сите натпревари почнуваат во ист термин во 20.45 часот по средноевропско време.

На 21-ви јуни, во полската престолнина Варшава играат Чешка и Португалија, а во петок на 22-ри јуни во Гдањск се среќаваат Германија и Грција.

Во сабота и недела, односно на 23-ти и 24-ти јуни, во Украина во Доњецк ќе се одиграат големите дерби средби меѓу Шпанија - Франција, односно во Киев каде силите ќе ги одмерат Англија и Италија.

Во полуфиналето во Доњецк на 27-ми јуни ќе играат победниците од двојките Чешка-Португалија и Шпанија-Франција. Во Варшава на 28-ми јуни се среќаваат подобрите од двобоите Германија-Грција и Англија-Италија.

Победниците во овие средби ќе се сретнат во големото финале на 1-ви јули на Олипмпискиот стадион во Киев.

И за крај сакам да ви заблагодарам за одвоеното внимание и ве замолувам да гласата и да се претплатите на мојата статија.

Изработено од Chocolate City.

Добра ноќ е-Македонијо!