Македонски вицеви

Day 1,670, 00:29 Published in North Macedonia North Macedonia by DGKukusev

Да ја исправиме гршката од минатиот број....

Седи дедо во автобус, а до него атрактивна плавуша.
- Госпоѓо, ќе ти дадам 100 евра само да те плеснам по задникот.
Плавушата:
- Старче, што не ќе ти падне на памет! Ама кога подобро ќе размислам… Ајде!
Дедото и ја става раката под фустанчето и започнува да ја гали, гали, гали…
Плавушата:
- Ајде бре, плесни ме веќе еднаш!
- Еее, би те плеснал да имав 100 евра.

—–
Наставничката ги прашува децата:
- Деца, зошто сега во Америка е ладно?
Малиот Трпе дига рака и вика:
- Затоа што Колумбо ја открил, а никој не ја покрил.

—–
Синот го прашува татка си:
- Тато, што има меѓу нозете на мама?
- Рај, сине!
- А што има помеѓу твоите нозе, тато?
- Клучот за рајот, синко.
На тоа синот одговара:
- Тато, подобро смени ја бравата зашто и комшијата има клуч…

—–
Зошто Трпе обожава да ја гледа свадбата од назад кон почетокот?
- Затоа што Трпана тогаш го вади прстенот, се качува во колата и се враќа кај нејзините дома!

—–
Полицаец фаќа крадец. Немоќниот крадец го прашува полицаецот:
- Може ли да одам до пекарата, ќе умрам од глад?
- Оди ама веднаш да се вратиш.
Полицаецот го пушта, крадецот бега и не се враќа. Наредниот ден полицаецот го фаќа истиот крадец. Крадецот му вели:
- Ај те молам пушти ме до пекарата, ќе умрам од глад.
- Да бе, не сум јас од вчера, ти седи тука јас ќе одам да ти купам.

Да не заборавите да гласате и да се претплатите бидејки ми фалат САМО УШТЕ 932 ГЛАСА....... 🙂