Нови промени

Day 1,665, 07:07 Published in Serbia Serbia by Mack01

Плато денеска донесе нови промени во играта.

Промените беа во Воениот модул (битките).

Поделба на Дивизиите

Од денеска па натаму ќе има поделба на играчите во битките во зависност кој левел се. Постојат 4 дивизии:
1 Дивизија - од 0 левел до 24 левел
2 Дивизија - од 25 левел до 29 левел
3 Дивизија - од 30 левел до 36 левел
4 Дивизија - над 37 левел
Значи вие ја следите вашата дивизија. Една битка завршува кога едната страна има 1800 доминантни поени. Ако некоја дивизија заврши порано од другите дивизии ќе треба да се почека сите да завршат за да почнат истовремено сите дивизии во нова битка.
Секоја дивизија има различни број на поени:
1 Дивизија - 1 поен
2 Дивизија - 2 поени
3 Дивизија - 3 поени
4 Дивизија - 5 поени
На пример ако една држава ја освои 1 и 2 дивизија а другата држава 3 и 4 дивизија тогаш поените се збират односно првата држава ќе има 3 поени а другата држава 8 поени.
Една Кампања ќе заврши откако едната држава има над 83 поени се вкупно во сите битки.
Една кампања може да трае по 15-16 битки додека не има едната страна 83 поени.
За БХ медалот ќе има различен голд зависи од која дивизија сте, на пример ако освоиш БХ медал од 1 дивизија тогаш ќе добиеш 2 голд, ако од 2 дивизија освоиш БХ медал тогаш ќе добиеш 3 голд, ако од 3 дивизија добиеш БХ медал тогаш ќе добиеш 4 голд и ако освоиш БХ медал во 4 дивизија тогаш ќе освоиш 5 голд.
Тоа изгледа вака:
1 Дивизија - 2 голд
2 Дивизија - 3 голд
3 Дивизија - 4 голд
4 Дивизија - 5 голд

Копчето Fight

Порано за да направевме еден кил (убиство) во битките ни беше потребно да кликнеме повеќе пати на копчето Fight. Од сега во новите промени има да кликнете само еднш на копчето Fight и да направете кил. Ако е потребно 30 здравје за еден кил тогаш кликнете и автоматски ти се одзима 30 здравје а со тоа правите еден кил набрзина.