Нови воени промени

Day 1,665, 06:28 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1


Почнувајќи од ден 1665 секој граѓанин ќе припаѓа на дивизија, во зависност од промените што се направени во воениот модул.

Поделби на нивоата за дивизии

01-24 левел
25-29 левел
30-36 левел
37+ левел


Ова значи дека битката е поделена на 4 дивизии кои се споменати погоре. На пример, ако еден граѓанин на ниво 26 влегува во кампања да се бори, тој само ќе се бори во во 2рата дивизија.

Како да победиш битка:

Кога една земја ќе достигне 1800 доминациони поени ја победува битката. Овој концепт ќе се применува за секоја поделба. Покрај тоа, направени се и поени за дивизиите кој изгледаат вака

Дивизија 1- 1 Поен
Дивизија 2- 2 Поена
Дивизија 3- 3 Поена
Дивизија 4- 5 Поена


Ако една дивизија достигне 1800 поени во 90 минути, следната рунда започнува САМО ако и останитите 3 дивизии стигнат до 1800 поени, па оттука и следната рунда започнува одново со сите 4 дивизии.

Како да победиш цела кампања:

По секоја победена битка од дивизијата, поените се додаваат на вкупните бодови на кампањата.

На пример: После првата битка, ако државата А(односно ние во случајов) победиме со дивизијата 1 и 3, а додека државата Б(односно Кипар во случајов) победат со дивизијата 2 и 4 резултатот би бил следниов: Ние би имале 4 поени а додека Кипар би имале 7 поени.
После втората битка, ако ние имаме победено со 3 и 4 дивизија, а Кипар со 1 и 2 дивизија, резултатот би бил следниов: Ние би имале 12 поени а Кипар би имале 10 поени.

Кампањата може да трае до 15 рунди. За една држава да може да победи една кампања, треба да собере 83 поени. Во моментот кога една земја собира 83 поени тогаш кампањата ќе заврши без разлика колку рунди од кампањата се завршени.

На крајот на секоја битка, Battle Hero медалот ќе биде доделен на граѓанин кој има најголема штета во неговата дивизија. Тие ќе добијат злато на следниов начин:

Дивизија 1- 2 злато
Дивизија 2- 3 злато
Дивизија 3- 4 злато
Дивизија 4- 5 злато


Ќе има само еден Campaign Hero на крајот на секоја битка без разлика во која дивизија припаѓа. Останува истото за тој што ќе нанесе најголема штета да добие и 5 злато.

Копчето Fight

Исто така, копчето Fight беше надградено. Сега веќе не мора да кликаме неколку пати со цел да го убиеме непријателот. Од сега натаму, кликнувањето на него еднаш ќе се направи Instant Kill. Сепак, енергија уште ќе се консумира во зависност од тоа колку многу удари ви требаат за да го убиете непријателот (истиот принцип како и досега), а штета, rank поени и expiriance поени ќе се дадат соодветно на ударот. Ако имате помалку здравје од потребното за да се убие непријателот, ќе останете во 0 здравје, а енергија нема да ви биде конзумирана.

Со сета почит,
DarkoDimovski1



За шаут:

Нови воени промени
http://tinyurl.com/cw3pnwf