Реформи во Армијата на еМакедонија

Day 1,661, 08:29 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1
Здраво Македонијо,

Решив да напишам статија повторно на тема која и баш не е најсјајна во еМакедонија - армијата на еМакедонија.

Во моментов во еМакедонија има повеќе од 25 единици и голем број на војници кои членуваат во нив (активни и неактивни). Просечно, во еМакедонија во единиците има по 50 војници од кои 60% се неактивни и доаѓаат 2-3 пати во неделата на скоро 15 удари кои што се организираат во текот на неделата. Доколку тие неактивни членови се отстранат и се додадат нови, активни членови кои што сакаат да станат дел од армијата на еМакедонија ќе добиеме до некаде активна армија.

Ситуацијата околу Daily Order исто така не е баш најсјајна. Имаме над 25 единици кои што ги местат своите Daily Order според нивните командири, кои пак ги местат грубо кажано како ќе им текне (повеќето) и некои тенкови кои купуваат злато или пак тие што собираат зимница го надокнадуваат тој залудно потрошен инфлуенс во небитни битки во еМакедонија.

Што предлагам јас, а се надевам и повеќето од вас го имаат ова на ум:

Соединување на единиците по примерот на Wolves & Knights

Ќе добиеме далеку поактивни единици со по 30 лица од единица кои ќе бидат активни во поголемиот дел од денот и ќе можат да мавнат каде што е најпотребно. Ќе има поголема хармонија на чатовите, нови дружби и пред се нови пријателства помеѓу членовите, а највеќе од се, ЌЕ СЕ НАМАЛИ НЕПОТРЕБНИОТ ФРЛЕН ИНСЛУЕНС ВО НЕПОТРЕБНИ БИТКИ.

Рефунд систем

Рефундот истотака не е најсјаен и треба да претрпи значителни промени. Статијата на MagiMaster ме натера да размислам подобро и да дојдам до заклучок дека рефундот воопшто не е добар. Некој со 7000 сила ќе испука 75 ФФ и ќе добие значително помалку тенкови од оној шо има 15000 сила и ќе испука истотака ист број на ФФ. Рефундот треба да биде ист за сите, без разлика на нивната сила. Економистите, пред се треба да размислат да создадат нов начин на рефунд, поекономичен а пред се подобар за сите војници во еМакедонија.

Цивилна бригада

Да се создаде цивилна бригада која ќе биде водена од министерот за одбрана или пак од замениците на министерот. Ќе се организираат удари, слични како тие на фалангата и ќе се искористат цивилите за воени цели. Ќе се организираат удари и за нив и ќе добиеме уште ПОАКТИВНА АРМИЈА од таа што ја имаме. И цивилите ќе имаат голем допринос во развитокот на еМакедонија и нејзиното напредување.

Елитна единица

Оваа елитна единица ја трубам веќе 4 месеци и го чекам правиот момент за да се создаде истата. Елитната единица ќе биде создадена од играчи кои имаат над 4500 удар и ќе се користат ИСКЛУЧИВО за државни и цели на сојузот. Играчите можат да останат во своите единици, но ќе следат наредби од Министерот за Одбрана, нивниот командир кој ќе биде назначен од Министерот за Одбрана или пак од воен член од нашиот сојуз. Ако ја создадеме оваа единица, ќе создадеме одлучувачка сила во клучни моменти за еМакедонија и за сојузот.

Ноќна единица

На еМакедонија и е потребна единица која ќе биде способна во доцните часови да земе битка до две за да овозможи полесен пристап кон истата битка сабајлето кога ќе се разбудат останатите еМакедонсци во играта. Истата треба да биде водена од член на министерството за одбрана и да биде рефундирана од државата.


Не прашувајте што може еМакедонија да направи за вас, туку запрашајте се што можете вие да направите за еМакедонија!!!

Македонија на Македонците!

Со голема почит,
DarkoDimovski1



За шаут:
Реформи во Армијата на еМакедонија
http://tinyurl.com/cb3tjfl