Билдерберг: Грција мора да биде уништена

Day 1,659, 16:53 Published in North Macedonia Indonesia by H.K.T

Владетелите во сенка им пресудија на одредени членки на еврозоната. Неформалната група на моќници кои често се нарекуваат светски владетели во сенка во неделата го заврши годинешниот состанок кој се оддржал во САД. 120 членки на групата наводно донеле одлука, Грција да биде пуштена низ вода, поточно да ја доведат до работ на бездната.
рупата Билдерберг годинава се сретна во престижниот хотел Мериот во Вирџинија. Средбата траеше 4 дена или еден ден подолго од предвидената програма.

Грција никогаш нема да може да го отплати она што го должи. Никогаш. А таа не е единствена. Грција е мртва, пренесе неименуван извор кој наводно присуствувал на состанокот на светската влада која е составена од најмоќните банкари, економисти, политичари, медиумски магнати и членови на кралски семејства.

Одлуката за пропаст Грција ја има донесено уште во 2009 година, после одржаниот самит во Атина. За неколку месеци подоцна таа и официјално беше прогласена за презадолжена. Групата за која се претпоставува дека ја крои светската иднина формирана е во 1945 година во хотелот Билдерберг во Холандија.