еМакедонија е секогаш со вас!

Day 1,654, 07:22 Published in Bulgaria North Macedonia by DarkoDimovski1


Здраво Бугарија,

После подолго време повторно се вратив во еБугарија за да го изразам задоволството на досегашната работа помеѓу владата на еМакедонија и владата на еБугарија. Досегашните координирања, работења и пред се дружењето помеѓу нашите две држави ми дава за право да ви кажам дека идеме кон правиот, вистинскиот пат! Секогаш сме тука едни за други, во лоши и тешки моменти, но и во убави моменти. Нашите две држави водат тешки и исцрпувачки битки со нашите доживотни РЛ но и еНепријатели и заедно ги постигнуваме успесите и дострелите во оваа виртуелна игра.
Би сакал да ви го честитам бришењето на еТурција за првпат во вашата еИсторија! Го заслужувате тоа, Flausino го заслужува тоа!

Македонија секогаш ќе биде горда што има таков пријател како вас на нашата страна и секогаш ќе ви ја дава помошта кога и да ви е потребна!

По делата се гледат вистинските сојузници кои си помагаат и во добро и во зло. еМакедонија и еБугарија се пример како треба да функционираат сојузниците и пријателите.

И во добро и во лошо, сојузници за пример!!

Заеднички идеме кон нови походи и дострели!!

Hail Bulgaria!
Hail Macedonia!

Секогаш ваш,
DarkoDimovski1



За шаут:
еМакедонија е секогаш со вас!
http://tinyurl.com/dxfbmm3