Од главата си патиме

Day 1,649, 09:07 Published in North Macedonia Thailand by Lily Snape

И по којзнае кој пат наместо да учите од грешките , вие ги повторувате..

Бадијала не велат, од главата си патиме..

И сега.. Каде се крие вината? Каде, во кого?

Искрено, ситуацијава со конгресот стана патетична и смешна ..

Обично не коментирав до сега и не дадав некое посебно значење , но читајќи ги шаутите , коментарите .. неможев да се воздржам а да не го изнесам и мојот став..

Повеќето од вас се кандидирате само заради медалот .. Повеќе ќе потрошите за да купите гласови отколку што ќе добиете ако го добиете медалот.. Не е важно што немате искуство и незнаете всушност какви одговорности следуваат за еден конгресмен .. И дека е потребно околу секоја одлука да се консултирате со останатите конгресмени? И најважно , дека НЕ ТРЕБА ДА ИЗБРЗУВАТЕ .. ќе се сопнете,луѓе ..

Важно е да светне медалот, а да ви светнеше во главата не ќе беше лошо, нели?

Потребно е да се направи една статија, Туторијал за Конгресмени ..
И на денот на изборите, да се испрати на сите кандидати да ја прочитат и да им се даде до знаење се околу конгресот .. За да не биде после јас незнаев за ова, незнаев за она ..

Најважната работа која треба да ја сфатите , дека Изборите и гласањето не се шанса да добиете неколку тенкови и лепчиња , туку можност да одлучите која личност сакате достојно и чесно да ја извршува конгресменската должност..

Најголемата вина се крие во сите вас, коишто гласате .. Дозволувате да ви го купат правото на избор во гласањето , и го продавате своето достоинство..

И доколку некој сака да стане Конгресмен , најпрвин нека се распраша кај поискусните играчи и нека добие информации , па потоа нека се кандидира..

А партиите , коишто пред секои избори пишуваат дека имаат ставови, идеи и визии , нека покажат и кои се .. Само кога има избори се активирате ..
Потребно е посериозно да се сфати работата, не само да бирате кандидати за избори .. Можете барем еднаш во месецот да се соберете на чат од партија, и да разговарате за се.. Да се консултирате и дискутирате , и да споделите искуства ..

И бадијала е се, откако грешките повторно си ги повторувате ..
Свесни сте , но мерки не преземате .. И вака, едно исто постојано ќе се врти во круг ..

Поголема вистина нема , дека од главата си патиме ..