разговор

Day 1,642, 17:34 Published in North Macedonia Poland by rafael 01

1-Влегува дечко во продавница и прашува:
-Имате честитки каде што пишува "Единствената љубов си ми ти"
Продавачката:
-Да
А дечкото на тоа:
-Ќе ми дадете 15-тина парчиња

2-- Имаш ли Twitter?
- Да.
- Facebook?
- Да.
- YouTube?!
- Ммм ... Да.
- А, Живот!
- ОМГ, не, дај ми линк!

3-Се среќаваат две бабички пред аптека и си праат муабет:
-Кај одиш Маро?
-Еве до аптеката.
-Како си?
-Па фала му на Бога, добра сум.
-Што бараш во аптека?
-Не сум арна нешто...

4-Малиот Трпе касни на првиот час и учителката го прашува:
- Зошто касниш?
- Ме нападна еден бандит!
- Ииии! Што ти направи?
- Ми го украде домашното.

5-девојката: не се чувствувам добро денес...
дечкото: штета,баш се мислев да те носам на шопинг
девојката: хехе,се шегувам
дечкото: знам, и јас

6-вајца студенти полагаат испит. Најпрвин влегол едниот студент и професорот го прашал:
-Кога почнало Илинденското востание?
-1903 година.
-Точно! Кој ја напишал глаголицата?
-Почнал Кирил а ја завршил Методиј.
-Браво! Дали постојат вонземјани?
-Се верува, но не е докажано!
-Добро, положи!
Излегол студентот, а другиот го прашал за одговорите.
-Добро. На првото ќе одговориш 1903 година, на второто Кирил а ја завршил Методиј,
а на третото се верува но не е докажано.
Влегува другиот студент и професорот го прашува:
-Кога си роден?
-1903 година.
-Навистина? А кој те направил?
-Почнал Кирил а ја завршил Методиј.
-Абе, ти да не си луд?
-Се верува, но не е докажано!

7-Hаставникот го прашува ученикот:
Aко треба да бираш мегу пари и памет што би одбрал ?!
Ученикот одговорил: пари
Наставникот се насмеал и рекол: јас би одбрал памет
Ученикот исто така се насмеал и одговорил: секој бира тоа што му фали.