полицајци
rafael 01
1-Си бил еден полицаец и сакал да запали цигара. Зел кибрит и запалил едно кибритче и не му палело зел уште едно не му палело и едно му запалило и рекол: - Е ова пали, ќе си го чувам за после.
2-Вози Трендо од Милионер и го запира полицаец. Полицаецот се насмевнува задоволно:
- Прашање за 30.000 денари! - Кој прекршок го направивте сега? - Можни одговори:
А) поминавте на црвено
Б) возевте над дозволената брзина
В) престигнавте на полна линија
Г) возите во пијана состојба
Имате три џокери: 1. Парична помош од сопатниците 2. Повикај адвокат
3. 50/50, плати 50% на рака и бегај.
3-Синот вели на татко му (полицаец):
-Тато, купи ми молив. Оди таткото во книжара.
-Дајте ми молив за трето одделение. Продавачката (плавуша):
-За прва или за втора смена?
4-полицаец запира возач и го прашува
-што имате во багажникот? -пола теле
-а живо ли е?
5-Полицаецот: – Командире стигна факсот.
Командирот: – Нека влезе.
Comments