Кој е и што е Плато?!

Day 1,641, 18:40 Published in North Macedonia North Macedonia by zuti.mkd

Поздрав народе!

Пред се би сакал да знаете дека статијава е сeриозна и секој несериозен коментар би го сметал како сериозен напад врз идентитетот на Плато и неговото сериозно право на самоопределување, при што ќе бидете пријавани кај горенаведениот, најсериозно.

Незнам дали сте приметиле, но по пуштањето на попустот од страна на админите (читај Плато), Грција лесно ги ослободува своите региони, па дури не чепка и по наше (егејска). Иако овој гест од страна на Плато може да ве залаже дека тој работи спроти интересите на Македонија, што индиректно го прави Грк, тоа не е така. Длабоко во својата душа, под сите слоеви на среброљубието, хомосексуалноста и идиотизмот, Плато е Македонец. И не, не мислам на "Македонец", на начин на кој Грците не провоцираат, туку на наш начин, Македонец.

Образложението е следно. Во период на криза, веднаш по добивањето на платите (Грчка си е Грчка, чудни се) Плато го пушта овој попуст, со што ќе ги намами своите "сонародници" да го извадад својот новчаник од чист скај, и да искористат дел од медот на Европската Унија. Со ова не само што ги наведува да даваат пари на виртуелна игра, исто така и го продлабочува нивниот веќе длабок долг, давајќи и на реалната Македонија економска предност, морален расчекор и причина, покрај милионте, да им гледаме сеир.

Плато е само фигура од Министерството за Култура на Македонија, вистинската поврзаност на владата на Република Македонија со оваа игра.

Да живее Македонија,
Да живее Плато,
Да живее новчаникот од чист скај! о7